Песна на италијански јазик е новиот предизвик за македонската поп-ѕвезда Тоше Проески. Веќе е направена демо-снимка, а дознаваме дека синглот ќе се снима во некое реномирано музичко студио во Милано. - На 2 октомври во Цирих треба да се сретнеме со ангажираниот италијански композитор и да ги прецизираме деталите - открива Љиља Петровиќ. Од Швајцарија, Тоше и неговата менаџерка следниот ден ќе летнат за Лондон, каде што во тек е снимањето на англискиот албум. - Таму ќе останеме до 7 октомври, за да присуствуваме на натпреварот меѓу нашата репрезентација и селекцијата на Англија во рамките на квалификациите за Европското фудбалско првенство - дополнува Петровиќ.
НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА ПОП-ЅВЕЗДАТА Песна на италијански јазик е новиот предизвик за македонската поп-ѕвезда Тоше Проески. Веќе е направена демо-снимка, а дознаваме дека синглот ќе се снима во некое реномирано музичко студио во Милано. - На 2 октомври во Цирих треба да се сретнеме со ангажираниот италијански композитор и да ги прецизираме деталите - открива Љиља Петровиќ. Од Швајцарија, Тоше и неговата менаџерка следниот ден ќе летнат за Лондон, каде што во тек е снимањето на англискиот албум. - Таму ќе останеме до 7 октомври, за да присуствуваме на натпреварот меѓу нашата репрезентација и селекцијата на Англија во рамките на квалификациите за Европското фудбалско првенство - дополнува Петровиќ.
0 Comments
НЕМА АСОЛЕН АНИМАТОР ЗА ТОШЕ ПРОЕСКИ
Видеоклипот за темата „Жао ми је“ на Тоше Проески ќе почека подобри времиња. Првите кадри беа снимени во Бугарија пред речиси половина година, но спотот се уште не е доработен. - Во некои делови во спотот е предвидена анимација, но се уште го чекаме вистинскиот човек. Имаме многу ангажмани и навистина е тешко паралелно да се работи и на балканската и на светската турнеја на мојот ексклузивец - објаснува Љиљана Петровиќ. Спотот за кој сценариото е инспирирано од Шекспировите Ромео и Јулија почна да го режира Дејан Миличевиќ, а покрај Тоше, главен лик е и поранешната македонска убавица Сара Леши. Во април годинава, кога паралелно со спотот Тоше и Сара ја снимија и рекламата за „Синалко“, српските таблоиди на големо пишуваа дека соработниците станале и интимни пријатели. Средба со обожавателите во Прилеп, Скопје и во Белград По враќањето од Осиек, Тоше Проески ја продолжува својата актуелна „Синалко-турнеја“ во Прилеп, Скопје и во Белград. Први со македонската поп-ѕвезда ќе се сретнат обожавателите од Прилеп, а промотивното дружење е закажано за 27 септември, со почеток во 20.30 часот. Следниот ден е резервиран за скопјани на плоштадот „Македонија“, а на 30 септември Проески ќе отпатува во Белград. Време / 22.09.2006 Откажан големиот концерт на мегаатракцијата во Скопје
Долгонајавуваниот и очекуван концерт на мегаатракцијата Тоше Проески, на жалење на сите негови фанови, нема да се одржи во предвидениот термин - 28 септември на Градскиот стадион во Скопје. "Не смееме да ризикуваме. За 28 септември се најавува лошо време, има голема можност за појава на дожд", ни изјави менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ. Временската прогноза е добиена во консултација со нашите синоптичари, а терминот е единствен слободен на Градски и соодветен за одржување на најавениот концертен спектакл и промоција на последниот албум на Тоше Проески "По тебе". Веќе на 29 септември заминуваме на мини-концертна турнеја во Канада, а по враќањето времето, веројатно, ќе биде уште полошо. Тоа е она што ме плаши и што не ми дозволува да ризикувам. Сe уште не знам за кога точно ќе го презакажеме концертот, но со оглед на тоа што станува збор за навистина скап проект, концертот, најверојатно, ќе се одржи напролет", додаде Петровиќ. Утрински / 19.09.2005 Српската пејачка Марија Шерифовиќ одбила да сними дует со Тоше Проески, бидејќи истото и го направил македонскиот пејач пред таа да победи на Евровизија, објавува српскиот весник Курир. “Откако стана евровизиски победник на адресата на Марија Шерифовиќ секојдневно пристигаат понуди за снимање дуети. Деновиве таква понуда стигнала од македонската ѕвезда Тоше Проески, кој најверојатно мислел дека дует со Марија би му бил одличен влез за враќање на српскиот пазар на кој веќе поодамна нема речиси никаква позиција“, се вели во текстот на српскиот весник. Повикувајќи се на извор близок на Проески, весникот објавува дека Марија понудата глатко ја одбила без размислување. “Кога Марија Шерифовиќ победи на Беовизија, изрази желба да сними дует со Тоше Проески, кој глумејќи голем пејач ладно ја одбил и тоа на културен начин, правдајќи се дека нема време. Но откако Марија победи во Хелсинки, Тоше прекуноќ стана слободен и расположен за дует и тоа кога и одговара на младата српска пејачка. Се подразбира, главната улога во целата приказна требало да ја одигра неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, која вршела притисок дуетот да се сними што е можно побргу. Но Марија глатко ја одбила понудата и го оставила Тоше да жали за пропуштената прилика“, пишува весникот, додавајќи дека македонскиот пејач бил шокиран. Нетпрес / 19.09.2007 ВО УСЛОВИ НА ПОЛУЛЕГАЛНА ПИРАТЕРИЈА Рекордни 80.000 примероци наменети за целиот бившојугословенски пазар досега се продадени од „Пратим те“, актуелниот албум на македонската поп-икона Тоше Проески. Откако 20.000 цедиња предвидени за првиот тираж експресно ги снема од продажните места на „Време“, веќе од понеделник почнува акцијата со нови 10.000. Дополнителни 3.000 примероци досега се продадени од дисковите што по цена од 300 денари се пуштени во регуларна продажба. - Во другите бившојугословенски републики, статистиката е следна: во издание на „ПГП- РТС“ преку списанија досега во Србија и Црна Гора се продадени 25.000 цедиња. Во Словенија и во Хрватска, каде што албумот на Тоше е во регуларна продажба по цена од 15 односно 10 евра, издавачката куќа „Далас рекордс“ ми потврди дека досега се продадени 10.000 примероци. Во Босна и Херцеговина, пак, албумот се дистрибуира преку списание во 25.000 примероци и вчера тамошната издавачка куќа „Компани френдс“ не информира дека се е продадено - информира Љиља Петровиќ. На официјалната топ-листа на хрватскиот „Медија сервис“, која ја креираат повеќе од 20 радиостаници, дуетската песна на Тоше и Тони „Лагала нас мала“ веќе осма недела е број еден, далеку пред Нина Бадриќ, „Црвена јабука“ и Арсен Дедиќ. Во Словенија, пак, на тамошните сајтови најсимнуван ринг-тон е хитот на Тоше „Ко ти то гризе образи“. Ѓ.С. „Фајнал кат“ во дилема за концертот Навистина сум во дилема дали концертот на Тоше да се одржи сега или да се помести за идната година, ни открива Љиљана Петровиќ. Сопственичката на „Фајнал кат“ нагласува дека 28 септември е единствениот слободен термин од овој месец на Градскиот стадион, за кога синоптичарите предвидуваат лошо време и дожд. - Концертот е многу скап проект и не сакам да ризикувам. Тој е наменет за публиката, на која треба да и обезбедиме максимално пријатна атмосфера. Ако настанот го одложиме за октомври, времето ќе биде веќе студено, а теренот непогоден. Во моментов сум пред тешко искушение - вели Петровиќ. Потсетуваме дека на само една недела пред закажаниот концерт, „Фајнал кат“ се уште ја нема почнато промотивната кампања. Нема ниедна реклама, ниту, пак, билборди преку кои обожавателите би се информирале за продажбата на билетите. Време / 16.09.2005 „Игри без граници“ е мојот најдобар албум Време / 15.09.2007 ПРОМОВИРАНО СЕДМОТО ЦЕДЕ НА ТОШЕ Во друштво на семејството, голем број пријатели, соработници, колеги од естрадата и претставници од медиумите поп-ѕвездата Тоше Проески го претстави својот најнов, седми албум, насловен „Игри без граници“, завчеравечер во хотелот „Александар палас“. - Ова е мојот најдобар албум досега. Максимално сум задоволен - изјави Тоше пред присутните. Промоцијата ја отвори со изведбата на насловната песна, а потоа во живо испеа уште неколку нови песни. Им се заблагодари на семејството и на менаџерката Љиљана Петровиќ за безрезервната поддршка. Расположен за дружење, Тоше беше достапен за сите присутни. „Игри без граници“ содржи 9 песни, од кои барем половината веќе се хит во радиоетерот. Меѓу седумте бонус-песни, освен мегахитовите „Волим осмех твој“, „Вежи ме за себе“ и „Срце није камен“, се наоѓаат и адаптацијата од филмот „Ивкова слава“ - „Несаница“, преработката на „Остала си увјек иста“ на Ѓорѓе Новковиќ, која своевремено ја испеа Мишо Ковач... Албумот се снимаше и се миксаше во студијата „НБ“ и „Кроација рекордс“. За македонскиот пазар го објави продукцијата „Аворд ентертејнмент“, а во улога на извршен продуцент се јавува Никша Братош. Авторскиот тим го сочинуваат познати музички имиња од земјите на поранешна Југославија - Миро Буљан, Антонија Шола, Срѓан Симиќ-Камба, Мирослав Рус, Зоран Лековиќ, Нена Лековиќ, Никша Братош... Поголемиот дел песни на македонски ги препеа Весна Малинова, додека Владо Јаневски се потпишува на препевот за песната „Среќна ли си ти“. Тоше концертно ќе го промовира албумот на Градскиот стадион во Скопје на 5 октомври. Концертот, во организација на „Аворд ентертејнмент“ и на УСАИД, ќе има хуманитарен карактер, а средствата ќе бидат наменети за реновирање неколку основни училишта низ Македонија, меѓу кои и училиштето во Крушево, во кое своевремено учеше поп-ѕвездата. Во новото цеде вложив многу енергија и љубов Дневник / 15.09.2007 За Андријана Будимир, која на настанот се дружеше и со родителите на Тоше, „Игри без граници“ е најдобриот албум на Проески Во убава интимна атмосфера, со одличен настап во живо, нашата мегаѕвезда Тоше Проески го промовира седмиот албум, „Игри без граници“, завчеравечер во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Големо внимание привлече девојката на Тоше, ракометарката Андријана Будимир, а од познатите личности присуствуваа Кристина Арнаудова, Марко Новески, Влатко Илиевски, Ламбе Алабаковска, Елена Ристеска, Дарко Димитров и Калиопи. Бидејќи обезбедување на вратата пушташе само со покани, во салата немаше турканици, па Тоше слободно се движеше, дружеше и се фотографираше со гостите. Со бендот „Блу фанки индивидуалс“, кој го следи на секој негов настап, изведе во живо нумери од новиот материјал. Расположен како и секогаш, со многу позитивна енергија, ги поздрави присутните и своите родители, кои исто така беа на промоцијата. - Многу брзо ми дојдоа промоциите на двата албума и се' уште ми се мешаат текстовите на српската и македонската верзија, но ќе се снајдам. „Игри без граници“ не е само мој проект, тој е и на мојот бенд, на мојата менаџерка Лилјана, на сите луѓе од „Аворд продукција“ и на авторите што ги создадоа песните. Презадоволен сум оти вложивме многу енергија и љубов. Го продуцира еден од најдобрите продуценти во регионов, Никша Братош. Го работеше речиси истиот тим од минатиот албум, но, според мене, ова е најдоброто од нас - изјави Тоше. На „Игри без граници“ има девет нови песни, како автори се потпишуваат Миро Буљан, Антонија Шола, Никша Братош и Мирослав Рус. Препевите на македонски јазик ги направи Весна Малинова, а Владо Јаневски го направи препевот за нумерата „Среќна ли си ти“. Како бонус-композиции се добро познатите „Вежи ме за себе“, „Срце није камен“, дуетот со Антонија Шола „Волим осмјех твој“ и преработките на „Несаница“, „Остала си увјек иста“ и „Feeling Good“. Издавач на албумот е „Аворд продукција“. Андријана Будимир и Тоше веројатно се' уште не се подготвени и официјално да се појават како љубовна двојка бидејќи воопшто не застанаа еден до друг, а дојдоа и заминаа одвоено. Атрактивната ракометарка освен со своите пријатели, беше во друштво и со родителите на Тоше. Вешто ги избегнуваше медиумите и не сакаше да зборува за нашата ѕвезда тврдејќи дека е дојдена како негова пријателка. Сепак, призна дека „Игри без граници“ е нејзиниот омилен албум. Будимир изјави дека ќе одмара од ракометот бидејќи имала две сериозни повреди на рамото и на ногата. - Немам веќе 21 година, па се' да е лесно. Иако ништо не се знае, засега нема да продолжам со ракометот. Ќе работам во една хуманитарна организација, а ќе бидам почесто во Македонија бидејќи се запишав на Универзитетот ФОН - на економскиот факултет. За Тоше не ме прашувајте ништо, можам да зборувам само за неговата музика. Ова е дефинитивно најдобриот негов албум, но српската верзија повеќе ми се допаѓа. Омилена песна ми е „Игри без граници“, бидејќи е многу емотивна, текстот и музиката се прекрасни - вели Андријана. На крајот на промоцијата, Тоше ја потсети публиката за својот хуманитарен концерт, кој на 5 октомври ќе се одржи на Градскиот стадион во Скопје. Како гости ќе се појават Адријан Гаџа, хрватската пејачка и актерка Антонија Шола, која ги пишува и текстовите за песните на Тоше, црногорскиот пејач Бојан Маровиќ, како и годинашните евровизиски претставнички на Словенија и на Босна и Херцеговина, Аленка Готар, односно Марија Шестиќ. Тоше стана одбојкар на „Нико Доага“ Новина кај Тоше Проески е тоа што од неодамна е регистриран во екипата на крушевскиот одбојкарски второлигаш „Нико Доага“. Тимот завчера гостуваше на пријателска средба во Прилеп со прволигашот „11 Октомври“. Проески не настапи поради замор од турнејата во Хрватска, а дуелот го проследи од трибината. - Сериозно сметаме на Тоше. Очекуваме негов придонес кон остварување на амбициите за пласман во Првата лига. Универзалец е, може да игра на повеќе позиции, а има висина од 185 сантиметри, доволна за одбојкар -сметаат во стручниот штаб на „Нико Доага“. (З.И.) Тоше го промовираше албумот со жива свирка Утрински / 15.09.2007 ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ Еден месец по пуштањето во продажба, најновиот седми албум на Тоше Проески „Игри без граници“ завчеравечер во хотелот „Александар палас“ го доживеа и своето официјално претставување. На промоцијата, на која за разлика од минатите можеше да се влезе само со покани (со што се избегна вообичаениот метеж), Тоше ги поздрави присутните пеејќи во живо дел од композициите, сместени на новиот носач на звук, во придружба на бендот „Блу фанки индивидуалс“. „Презадоволен сум од проектот особено зашто го продуцираше најдобриот аранжер и продуцент Никша Братош. Многу сум задоволен како звучи и сметам дека ова е најдоброто нешто што досега сме го направиле“, рече Тоше, притоа не заборавајќи да и' се заблагодари на својата менаџерка, спонзорите, бендот, професорите по пеење и на родителите. Покрај Тоше, ѕвезда на вечерта завчера во „Александар палас“, дефинитивно, беше и ракометарката Андријана Будимир, со кого нашиот пејач е во љубовна врска. Таа беше една од најфотографираните фаци на чија сметка одеа и безброј коментари врзани за атрактивниот изглед. „Тие се одличен пар“, коментираа присутните додека Будимир ги одбегнуваше прашањата врзани за нејзината љубов Тоше. Дојде, се поздрави со неговите родители, кои беа во друштво на повеќе свои блиски роднини, и остана од страна да го следи неговиот настап. Впечатлив беше погледот и сјајот во нејзините очи. Патем, на коктел-промоцијата на Тоше видовме и повеќе познати личност кои дојдоа лично да му го честитаат излегувањето на новото цеде. Меѓу нив беа и Калиопи, Ламбе Алабаковски, Роберт Билбилов, Елена Ристеска, Марко од „Дај побрзај“, Влатко од „Морал“, Бане од „Томато“, Кристина Арнаудова, Дарко Димитров, Франц, Џаро, пулмологот Дејан Докиќ... (К.Ш.) Добродушност, хуманост, трпеливост, љубов - особини совршено вклопени во еден човек, Тоше Проески. Од самиот почеток, чекорејќи кон врвот, ниту една црна дамка не го извалка едноставниот и прекрасен лик. Тоше беше избран да создаде дело кое остави силна порака. Како среќен човек, не научи дека среќата е во секој од нас, само треба да се разбуди, да се негува, да се покажува. Но, дали ја разбравме пораката на Тоше? Или подобро, знаеме ли да ја примениме неговата порака кон себе и кон другите луѓе? „Тестото од кое сме замесени тешко се обликува во нешто друго. Сметам дека светците и ангелите во крајна линија се тука за да не потсетат на големите достави на хуманоста, благородноста на душата итн., но дека во нив нема или не им е зададен тој капацитет да влијаат битно врз нас“, изјави Ферид Мухиќ, универзитетски професор. Неговата големина не беше во тоа што тој го зборуваше, туку во тоа што го правеше. Во едно време на агресивност и нетрпеливост меѓу младите ја наметна позитивната енергија, беше идол кој освојуваше мирно и едноставно, а сепак енергично и бунтовнички. „Таков канал за љубов и давање дефинитивно ретко се сретнува на овие простори. Ова е почеток на нешто многу поубаво“, рече Соња Алексиќ, психотерапевт. Луѓето не умираат со закопувањето во гроб, туку кога умираат во срцата, а Тоше засекогаш ќе живее во сечие срце. Ќе не направи ли тоа подобри и почовечни? „Да го следиме патот по којшто одеше Тоше и ако го следиме тој пат, би имале некоја иднина. Тоше беше нова религија во Македонија и јас така и запишав во книгата, дека мене ме научи како да ја споделам љубовта, да ги покажам емоциите, да не ги кријам емоциите. Се трудам да бидам похумана и да бидам дел од тоа што беше тој“, велат граѓаните. Болката што ја предизвика страшната трагедија имаше цел - да не потсети и освести дека сме биле среќни и дека не треба да газиме на туѓата среќа. Хуманоста и човечноста се вистински вредности само тогаш кога во најтешките моменти се почитуваат и применуваат. Нашиот величествен идол и легенда ни го покажа патот, треба само да го изодиме. Пречките наречени зло, завист, тешки моменти и несреќа да ги прегазиме мирно, чекорејќи со љубов, позитивна мисла и надеж. Така чекореше тој. А1 / 25.11.2007 Фајнал Кат Продакшн, менаџерската куќа на поп ѕвездата Тоше Проески должи околу 152.000 евра за неплатен данок. Управата за јавни приходи води постапка за присилна наплата за даночен долг во износ од околу 151.713 евра, или поточно 9.330.394 денари на основ на ДДВ, персонален данок по договор за дело, персонален данок и други лични примања. Како управител на Фајнал Кат се јавува менаџерката на Тоше, Љиља Петровиќ, која е единствената пријавена во оваа фирма. Таа иако е даночен обврзник со заснован работен однос во продукциската куќа, според Управата за јавни проходи нема поднесено Годишна даночна пријава за 2006 година. Љиља Петровиќ, како странски државјанин, врз основа на работниот однос во Фајнал Кат има извадено лична карта за странски државјанин кој престојува во Македонија. Но, поради стечајната постапка на продукциската куќа, на Љиља ќе и престане работниот однос и таа ќе биде одјавена. Љиља вчера ни потврди дека Фајнал Кат има долгови кон УЈП, но дека таа лично немала дополнителни приходи, освен платата за да поднесува годишна даночна пријава. Вели таа сума од околу 152 илјади евра е долг со камати. Фајнал Кат и УЈП имале потпишано договор за плаќање на рати. Продукциската куќа, според Љиља има платено две рати. - УЈП ни бараше банкарска гаранција, но ние немавме никаква гаранција. Сметката ни беше блокирана повеќе од една година, заради што ни го раскинаа договорот. Јас не сакав Фајнал Кат да оди во стечај, јас не поднесов барање, но сметките беа блокирани и немаше друг излез - вели Љиља. Менаџерката на поп ѕвездата Тоше вели дека загубите на фирмата започнале по Евровизија 2004, кога Македонија ја претставуваше Тоше. - Јас сама ги сносев трошоците, поточно Фајнал Кат. Само за спотот се дадоа некои пари. Останатото, од патни трошоци до се останато сносевме сами. Загуби имаме и од петте албуми - изјави Љиља, која не знае да објасни зошто се во музичкиот бизнис ако постојано работат со загуба и како двајцата стекнаа стотици квадратни метри недвижен имот и неколку џипови вредни стотици илјади евра! Ќе ја тужам државата поради пиратеријата Менаџерката на Тоше, Љиља Петровиќ, не сакаше да каже дали Фајнал Кат има доволно имот за да го исплати догот кон државата за време стечајната постапка. Вели ќе ја тужела државата, па ќе се видело кој повеќе ќе добие. - Ќе ја тужам државата за дозволената пиратерија. На пет албуми се правеше пиратерија. Ако сите плаќаат ДДВ поинаку ќе биде. Фајнал Кат не опстоја во државата бидејќи во државата не опстануваат продукциските куќи поради пиратеријата. Трошоците за еден албум се 80.000 евра, за се заработуваат 1000 евра и сето тоа поради пиратеријата - вели Љиља, која ЦД-ата на Тоше ги продаваше по 100-тина денари, дистрибуирајќи ги преку дневен весник, токму за да се избегне пиратеријата. Таа е задоволна што конечно во државата се презема нешто со пиратеријата. Но за Фајнал Кат е веќе доцна. Вели пиратеријата дополнително го исцедила буџетот на Фајнал Кат поради што стечајот бил неминовен. Други долгови, според управителот Љиља Петровиќ, Фајнал Кат нема. Ни изјави дека морално тврди дека нема судски спорови против Фајнал Кат, особено не добиени спорови. - И тие што имаа спорови изгубија. Имаше некои спорови за неодржан концерт, но тој спор заврши и Фајнал Кат ништо не должи. Екипите за концертите и турнеите се исти. Има сменето само еден човек, кој не го избркав ја, туку неговиот тим што не е моја работа, но нема добиен спор. Долгови немаме - додава Љиља. Стечајот на Фајнал Кат нема да влијае врз кариерата на Тоше, тврди неговата менаџерка Љиљана Петривиќ. Според неа, Тоше со продукција влегол во нова фирма, односно сите надлежности и обврски ги презема Аворд.
Нетпрес / 12.09.2007 Во охридскиот хотел „Десарет“ од денеска до сабота македонските продукции „Аворд ентертејмент“ и „Фајнл кат“ организираат тридневна журка со Тоше Проески и со неговите музички пријатели Владо Јаневски, Калиопи, Маја Оџаклиевска, Биља Крстиќ, Ребека, Бојан Маровиќ и гостинот од Словенија Анжеј Денаж. Покрај езеро со македонската поп-ѕвезда ќе другаруваат и Дејан Миличевиќ, Тони Михајловски и Марко Новески. - Сите присутни ќе имаат можност да другаруваат со нивните музички идоли, со нив да играат одбојка на плажа и да пеат караоке - открива Љиљана Петровиќ, менаџерка на Проески. Собраните средства од активностите ќе се искористат за иконостасот во крушевскиот манастир на големиот празник Преображение. Во Охрид Тоше повторно ќе им биде домаќин и на неговите британски продуценти со кои по завршувањето на манифестацијата ќе отпатува во Лондон, каде што од неколкуте реализирани демо-снимки, конечно, ќе ја одбере песната со која ќе дебитира на западниот музички пазар. Од „Фајнл кат“најавуваат и неколкудневна балканска турнеја, која македонската поп-ѕвезда ќе ја почне во октомври. Време / 07.09.2006 Три дена и три ноќи забава и дружење со Тоше и неговите пријатели Дневник / 11.09.2006 Иако не беше соопштено колку пари се собрани за манастирот „Свето Преображение“, менаџерката Лилјана Петровиќ изјави дека настанот ја постигнал целта Првпат на едно место Тоше успеа да ги собере големите музички ѕвезди како Калиопи, Владо Јаневски, Маја Оџаклиевска, Бојан Маровиќ, Бени Шакири, Дани, Маја Гроздановска-Панчева и Билјана Крстиќ и со нив три дена и три ноќи да се дружат и да ги забавуваат многуте посетители што специјално за донаторскиот хепенинг допатуваа и престојуваа во охридскиот хотел „Десарет“. Од средата до петокот се играше одбојка на плажа, се танцуваше и пееше. Забавата на плажа беше збогатена со егзотично играње на конго-музика на танчарската група од Белград, со акробации на жонглери и со ревија со моделите на студиото „Моделс ин“. Попладневните часови беа резервирани за жур на брод, а ноќите за спектакуларно караоке-шоу на големите музички имиња, кои освен своите, изведуваа светски и бивши ју-хитови. Посетителите имаа неповторлива можност да слушнат како звучи кога истовремено пред микрофон ќе застанат и ќе запеат моќните вокали Тоше, Калиопи, Маја Оџаклиевска и Владо Јаневски. Во придружба на бендот „Блу фанки индивидуалс“, соло-настапи одржаа Бени Шакири и Дани. По полноќ забавата продолжуваше во дискотеката на отворено со познати диџеи, меѓу кои Британците Свит Пи и Рејнинг мен. Во забавата уживаа многу гости, а специјално за овој настан организирано допатуваа и десетици студенти од скопскиот универзитет. Гости на настанот беа и Марко Новески, Дејан Миличевиќ, Надица Георгиева, Сергеј Варошлија, а водителот Дарко Мијалковски беше задолжен за одјавата на настанот, што беше проследено со огномет. Хепенингот „Тоше и пријателите“, во организација на продукциите „Аворд“ и „Фајнал кат“, а на иницијатива на Тоше Проески, имаше цел да се соберат средства за доизградба на крушевскиот манастир „Свето Преображение“. Иако сумата на собрани средства не беше официјално објавена, менаџерката Лилјана Петровиќ изјави дека настанот ја постигнал својата цел Успешна акција на Тоше и пријателите во Охрид Време / 11.09.2006 ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „АВОРД“ И НА „ФАЈНЛ КАТ“ Тоше Проески и повеќе јавни личности од земјава и од странство од петокот до вчера се дружеа во охридскиот хотел „Десарет“. Одлична журка, одбојка на плажа, караоке, згодни момци и девојки беа само дел од многубројните активности зад кои имаше хумана цел - собирање средства за иконостасот во крушевскиот манастир „Св. Преображение“, кој се гради повеќе од десет години. Акцијата, според организаторите „Аворд ентертеинмент“ и „Фајнл кат“, помина успешно. Во сончевото време и во топлата езерска вода уживаа повеќе домашни и странски музички пријатели на Тоше - Владо Јаневски, Калиопи, Маја Оџаклиевска, Ребека, Дани, Маја Гроздановска-Панчева, Бојан Маровиќ... Охриѓанецот Жанко Чадо беше меѓу првите што донираа средства за изградбата на олтарот. - Задоволство ми е што сум во Охрид и што сум дел од една хумана акција. Тој што е поканет на нешто вакво, а не доаѓа, мора да има дебела причина за тоа - изјави гостинот од Црна Гора Бојан Маровиќ. Присутни беа и Брајан Тејлор, менаџерот на Тоше од Лондон, познатиот англиски диџеј Фрит Биг, Словенецот Анжеј Денаж и Биља Крстиќ со својот оркестар „Бистрик бенд“. - Секогаш ги прифаќам ваквите покани, зашто станува збор за нешто хумано и настојувам да дадам свој придонес. Ова е убава идеја преку дружење и забава јавните личности да придонесат да му се помогне некому - изјави Крстиќ. Организаторите не ја открија собраната сума, но велат дека се задоволни од ефектот што го постигнала манифестацијата. Композиторот Михалис Антониу од Кипар и' посвети песна на нашата несреќно почината ѕвезда Тоше Проески, јавува „МММ“. Нумерата е наречена „Анѓеле“, а е напишана и инспирирана од Проески. Песната првпат е изведена на концерт деновиве, по повод роденденот на композиторот Антониу и 15 години музичка дејност. На концертот во Ларнака оваа песна на крајот ја испеа босанската оперска дива Жељка Катавиќ-Пиљ. Песната има три верзии, босанска, под наслов „Анѓеле“, англиската се вика *Фаллен ангел, и грчка. Ова е концерт од затворен тип, на кој песни од Михалис ќе пеат познати пејачи од Кипар со кои има соработувано, како и Деби Шери од Малта и Босанката Жељка Катавиќ-Пиљ. Познанството и другарувањето меѓу Тоше и Михалис почна во летото 2003 година, кога допатува од Кипар да го следи неговиот концерт на „Билјанини Извори“. Михалис е чест гостин на фестивалите во Македонија. Песна посветена на Тоше ќе се пее во Кипар Песната со наслов „Анџеле”, која кипарскиот композитор Михалис Антониу ја напиша инспириран од Тоше Проески, вечерва за првпат јавно ќе биде испеана на концерт, кој ќе се одржи по повод роденденот на композиторот и негово 15-годишно музичко дејствување. Имено, на концертот во Ларнака оваа песна на крај ќе ја испее босанската оперска ѕвезда Жељка Катавиќ - Пиљ. Песната има три верзии, босанска под наслов „Анџеле”, англиска под наслов „Фаллен ангел” и грчка верзија. Ова е концерт од затворен тип на кој познати пејачи од Кипар, со кои Михалис има соработувано, ќе изведуваат негови песни, но и теми од Деби Шери од Малта и од Босанката Жељка Катавиќ-Пиљ. Познанството и другарувањето меѓу Тоше и Михалис почна летото во 2003 година, кога кипарскиот музичар допатува од Кипар да го следи концертот на македонската ѕвезда на Билјанини Извори. Михалис е чест гостин на музичките и фестивалски случувања во Македонија, неговата омилена земја Оперската дива Жељка Катавиќ - Пиљ низ солзи испеа песна за Тоше Босанската оперска дива Жељка Катавиќ - Пиљ минатата недела во кипарскиот град Ларнака премиерно изведе песна за Тоше Проески, во рамките на прославата на роденденот и 15 годишнината од композиторското творештво на Михалис Антониу. Песната, со наслов Falling Angel композиторот ја создаде и ја посвети на својот драг пријател, но почитувајќи ја одлуката на семејството никаде не го спомнува неговото име. А моментот на изведба Пиљ го доживеала емотивно и со солзи во очите. Тоа за мене беше прекрасно искуство. Прв пат бев на тој прекрасен остров и фасцинирана сум со сето тоа што го видов и доживеав таму. Но, пред се морам да кажам дека сум многу среќна и горда што тој четвртти септември ја имав таа можност да бидат во салата Арадипу. Концерт беше фантастинтен, полн со прекрасни песни кои Михалис ги напиша. А песната за Тоше, за тој ангел, мене ми значи многу. Најпрво сакам да кажам дека никогаш, ама баш никогаш не ни помислував да градам кариера со негово име. Јас сум многу едноставна и нормална личност, која секогаш ќе го цени сето тоа што Тоше го направи за својот живот, но и натаму го прави во срцата на луѓето. Во моето срце навистина има посебно место. Никогаш не го запознав лично но секој пат кога ќе го видев неговото насмеано лице се чувствував како да сме брат и сестра, раскажува пејачката. Таа на концертот ја исполнила англиската песна (која е снимена и во грчка и босанска верзија), зошто сакала сите кои таа ноќ биле таму, да ја разберат, а Михалис вели дека по концертот се почувствувал со полно срце што конечно имал можност на кипарските медиуми да му објасни каков пријател имал. Пиљ раскажува дека на видео ѕид се емитуваше видео-клип со фрагменти од настапи на Тоше. Боже мој, па тој како да беше со мене на сцена. Срцето ми чукаше како лудо. Знам дека можеби ќе звучи како фраза, но јас навистина верувам дека Тоше сакаше Falling Angel прв пат ја биде изведена токму на Кипар. Тие три минути колку што трае песната беа нешто најубаво и најдрагоцено за мене. Публика ме слушаше без здив. А јас бев бескрајно горда што можам да покажам што чувствувам и што со својот глас можев да го допрам тоа прекрасно суштество. Се личеше на сон во кој кој главна улога имаше Тоше. Засекогаш ќе го сакаме тој насмеан ангел, вели Пиљ, која са надева дека оваа песна ќе има можност да ја изведе и во Македонија. |
Archives
September 2021
|