Последниот албум на Тоше Проески „Божилак“, на радост на многубројните негови фанови во Хрватска и во Словенија, од вчера и официјално може да се купи во тамошните музички продавници под етикетата на дискографската куќа „Далас рекордс“. Покрај во Хрватска и во Словенија, албумот со преработени изворни македонски песни се продава и во Србија, каде што издавач е „Сити рекордс“. Тоше моментално се наоѓа на мини-турнеја низ екс ЈУ-просторите - вчера имаше концерт пред сплитската публика, денеска е во Посушје, на 24 април настапува во Ниш, два дена подоцна (26 април) е во Вршац, 10 мај е резервиран за Заечар, на 15 мај е во Приедор...
Албумот „Божилак“, со 14 обработки на македонски традиционални песни, на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески, од вчера е достапен и на хрватскиот и на словенечкиот пазар, во издание на дискографската куќа „Далас рекордс“. За македонскиот пазар го објави „Аворд ентертејнмент“, а за Србија – „Сити рекордс“. „Божилак“ го отвора „Бор садила мома Евгенија“, а меѓу другите песни се и дуетот со Биља Крстиќ – „Јовано, Јованке“, „Се посврши сербес Донка“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Мајка на Марика думаше“... Освен Тоше, во проектот е вклучен и Симфонискиот оркестар на Саша Николовски - Ѓумар, кој е еден од аранжерите, заедно со Илија Пејовски и Сони Петровски.
Последниот албум на Тоше Проески „Божилак“, на радост на многубројните негови фанови во Хрватска и во Словенија, од вчера и официјално може да се купи во тамошните музички продавници под етикетата на дискографската куќа „Далас рекордс“. Покрај во Хрватска и во Словенија, албумот со преработени изворни македонски песни се продава и во Србија, каде што издавач е „Сити рекордс“. Тоше моментално се наоѓа на мини-турнеја низ екс ЈУ-просторите - вчера имаше концерт пред сплитската публика, денеска е во Посушје, на 24 април настапува во Ниш, два дена подоцна (26 април) е во Вршац, 10 мај е резервиран за Заечар, на 15 мај е во Приедор...
0 Comments
Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, ги истакна финансиските проблеми во кои се наоѓа евровизискиот тим пред патувањето во Истанбул Мегаѕвездата Тоше Проески завчера во хотелот "Александар палас" во Скопје го промовира својот нов проект "Ден за нас", копродукција на "Фајнал кат" и ма Македонската радио телевизија. Материјалот е издаден на два диска. На едниот се сместени осумте песни што Тоше ги отпеа на македонскиот "Евросонг", а на другиот се петте нови теми што ги снимаше во студиото "Матрикс" во Минхен. Бонус-нумери на цедето се хитовите "Чија си", "Никада" и евровизиската "Лајф". Двојното цеде се наоѓа во продажба по цена од 600 денари. Пред свечената промоција, на која присуствуваа пријатели, колеги и соработници на Тоше, беше одржана и конференција за печатот. Проески истакна дека песните од новиот проект му се подеднакво драги и оти секоја за себе е голем фаворит. За неодамнешниот настап на музичката манифестација во Сараево, каде што му беше доделена наградата "Даворин Поповиќ" за најдобар пејач од соседството, Тоше истакна дека бил мошне изиритиран што организаторот до неговото име ја ставил референцата ФИРОМ, наместо Македонија. - Им се обратив на присутните дека не познавам таква земја и дека јас доаѓам од Македонија. Публиката ме поздрави со аплауз. Во еден момент помислив да го откажам и настапот на "Евросонгот" во Турција зашто мојата земја, за жал, ќе биде напишана со таа референца - рече тој. Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, зборуваше за финансиските проблеми во кои се наоѓа нашиот евровизиски тим пред патувањето во Истанбул. Таа истакна дека Проески морал да одржи концерт во Данска за да собере средства за претставување во дел од земјите-учеснички на "Евросонгот" во Турција. Петровиќ откри дека се уште е неизвесно кои ќе бидат придружни вокали. Како причина таа ја наведе сумата од 3.000 евра што ја бара еден придружен вокал. Атмосферата стана порелаксирана по завршувањето на прес-конференцијата, кога во фоајето на хотелот Тоше седна крај клавирот и отпеа неколку странски хитовски теми.
Дневник / 21.04.2004 Повеќе обожаватели од колеги кај Тоше Вест / 21.04.2004 МЕГАSВЕЗДАТА ГО ПРОМОВИРАШЕ ДВОЈНИОТ АЛБУМ Завчеравечерта, во хотелот "Алекандар палас", Тоше Проески и неговите пријатели прославија уште еден "негов ден". "Ден за нас", се вика двојното цеде што во продажба ќе се најде од денеска, со 16 песни, 8-те од изб Завчеравечерта, во хотелот "Алекандар палас", Тоше Проески и неговите пријатели прославија уште еден "негов ден". "Ден за нас", се вика двојното цеде што во продажба ќе се најде од денеска, со 16 песни, 8-те од изборот за "Евросонг", некои стари хитови, и некои сосема нови песни. Турканица, публицитет, врева, и Тоше на клавир во живо. Очекувана слика за промоција на мегаsвездата. Повеќе обожаватели и новинари, помалку колеги од естрадата. Сепак, забележливи беа Есма, Влатко од "Морал", Мартин Вучиќ, Мартина, Јован Јованов, Александар Масевски, Весна Петрушевска ... И секако, американскиот амбасадор Лоренс Батлер, се почетиот гостин на сите случувања врзани за Тоше. Четвртиот албум, на Тоше му го честиташе и Сара Трајковска, ќерката на загинатиот претседадел Борис Трајковски. Голем фан на најголемата естрадна sвезда е и премиерот и претседателски кандидат Бранко Црвенковски. Право од предизборниот митинг во Кочани, по лошото дождливо време, Црвенковски побрза накај "Палас", и успеја да го сврти вниманието на присутните. Покрај Тоше, стана главна фаца во хотелот. Бранко, Тоше, и менаџерката Љиљана Петровиќ муабетеа добри половина час. Црвенковски им посака среќа на "Евросонг" во Истанбул, а тие на него му го подарија првото цеде. - Во Истанбул ќе се борам да не настапам под ФИРОМ, рече Тоше на прес конференцијата пред коктелот. Ако под моето име стои таа неправедна кратенка, ќе се обидам по настапот да речам дека јас ја преставувам Македонија". Тоше Проески на 3 мај во Лондон, Англија, ќе се сретне со менаџерите од фирмата „Пипл ин моушн“, која ќе биде негов промотер на европскиот пазар, како и со неколку врвни светски композитори и продуценти. Тие заеднички ќе решат кој музички правец одговара на неговиот глас и ќе ги одберат темите што ќе се најдат на новиот албум. Проески веќе остварил соработка со авторот Енди Рајс, кој работел на пет изданија на „Симпл ред“, ја изработил темата „Карузо“ на Лучано Павароти, а соработувал и со Тони Китон. Тоше комуницирал и со композиторот Свит Пи, кој има напишано песни за „Шугабејбс“ и за „Дестинис чајлд“, како и со текстописецот Вејн Хецтор, кој работел на темите за Ема Бантон, Питер Андре Мишел...
- Среќен сум зашто станува збор за голем договор што го подготвуваме аналитично и доста време. Се надевам дека соработката со „Пипл ин моушн“, кои ќе бидат мои претставници во Англија, ќе се одвива одлично. Почнаа со работа и веќе ме известија дека е договорена соработка со повеќе светски композитори и текстописци што треба да ми прават песни за албумот - вели Проески. Неговата менаџерка Лилјана Петровиќ ќе биде дел од тимот што ќе се грижи за неговата европска кариера. - Откако го освоивме Балканот, наша следна цел е Европа. Ќе ни треба многу среќа да го оствариме нашиот план. Ќе го одржам ветувањето од пред неколку години дека, без разлика дали Тоше ќе направи светска кариера, никогаш нема да ја заборавиме Македонија. Оваа земја и понатаму ќе биде наша база и секогаш во слободното време ќе доаѓаме овде. Дневник / 20.04.2006 Тоше тргнува кон британските топ листи Вечер / 20.04.2006 Брилијатната балканска поп ѕвезда Тоше Проески на трети мај треба да биде во Англија, каде е договорено да потпише договор со маркетинг компанијата "Пипл ин моушн", со која, ако се тргне во најдобар ред, ќе биде лансиран како европска ѕвезда. Претпоставките на неговата менаџерка Лилјана Петровиќ се многу оптимистички дека - Тоше како и Кајли Миног (од Австралија) ако прво успее да влезе на официјални британски топ листи, оттаму лесно ќе ја "скрши" и Америка. За се треба време, но кога станува збор за Тоше може слободно да се очекуваат такви успеси. Тој, од вчера, неколку дена е во филмскиот град во Софија, заедно со Сара Леши, режисерот Дејан Миличевиќ и целата екипа, каде го доснимуваат спотот за песната "Жао ми је". Иако во медиумите се пишуваше дека љубоморното момче на Сара и брани да снима со Тоше, самото заминување на Сара укажува дека проблемите од тој тип веќе се надминати. ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ НА ПРОЕСКИ ВО СОФИЈА
Ова е најамбициозниот проект на амбасадата и очекуваме големи ефекти во разбивањето одредени предрасуди, кои владеат во бугарското општество во однос на нашата народност, јазик итн., изјави амбасадорот Љубиша Георгиевски Македонската верзија на најновото цеде на Тоше Проески "Ако ме погледнеш во очи" во Бугарија ќе се појави откако ќе се реши која бугарска пејачка ќе отпее дует со него за песната "Чија си", со која тој неодамна победи на "Беовизија". Таа композиција ќе се најде како бонус на албумот наменет за бугарскиот пазар. Тоа го истакна претставникот на "Музикалната бугарска компанија", една од најпознатите музички продуцентски куќи во Бугарија, кој најави дека Тоше ќе одржи турнеја во Бугарија најверојатно за околу два месеца. Вчерашната промоцијата на последниот албум на Тоше, "Ако ме погледнеш во очи", во Софија предизвика огромен интерес кај бугарската јавност и кај медиумите. Според "Музикалната бугарска компанија", намерите за лансирање на Тоше во нивната земја се крајно сериозни. На промоцијата во хотелот "Хилтон" присуствуваа и македонскиот амбасадор во Софија, Љубиша Георгиевски, како и претставници од дипломатскиот кор. - Ова е многу значаен чекор за Македонија и за македонската култура. Имаме доволно причини да сметаме дека Тоше Проески е многу афирмиран на Балканот, многу е талентиран и е еден од најспособните македонски дипломати, затоа што ја претставува Македонија пред огромен аудиториум. Се планира неговиот промотивен концерт во Софија да се одржи на стадион. Ние класичните дипломати, сепак, не можеме да имаме таков капацитет. Од друга страна, ова е еден нормален потег во културната програма на македонската амбасада во Македонија, зашто сега, по промовирањето на нашата култура, и дојде редот на современата музика. Ова е најамбициозниот проект на амбасадата и очекуваме големи ефекти во разбивањето одредени предрасуди што владеат во бугарското општество во однос на нашата народност, јазик итн. - изјави амбасадорот Георгиевски. Менаџерката на "Фајнл кат продакшн", Љиљана Петровиќ, откако ја претстави својата продуцентска куќа и ги запозна новинарите со кариерата на Тоше, најави дека нејзиниот ексклузивец веќе идниот месец ќе одржи прес-конференција и во Турција за пласманот на истиот албум и на турскиот пазар. Тоше и во оваа пригода, не ја пропушти шансата да запее во живо. Тој ги отпеа "Немаш ни благодарам", "Yesterday" од "Битлси", како и старата македонска "Зајди, зајди јасно сонце". - Јас сум тука да пеам и да ја претставувам македонската музика во Бугарија. Ништо повеќе од тоа. Политиката им ја оставам на политичарите. Зошто да има предрасуди? Ние имаме одлична музика, одлични изведувачи, а во Бугарија се прават прекрасни видеоклипови. Ќе се обидеме да направиме спој на сето тоа и да го побараме нашето место во светот - изјави Тоше. На промоцијата беше пуштен специјално подготвениот филм од концертните и фестивалските настапи на Тоше. Новинарките од Бугарија беа заинтересирани каква музика слуша Тоше, а тој им откри дека во еден период од својот живот растел со хеви-металот и ја обожавал групата "Вајт снејк". Тоше даде многу интервјуа за бугарските медиуми. Соња Алексоска Неделковска Промоцијата на последниот албум на македонската поп ѕвезда Тоше Проески, „Ако ме погледнеш во очи“, во Софија предизвика огромен интерес кај бугарската јавност. Претходно Тоше го освои првото место на „Беовизија“ и добил понуда да ја претставува Србија и Црна Гора следната година на Евровизија. За неговата популарност во Македонија не станува збор.
А1 : Најновиот албум на Тоше Проески се промовираше и на бугарскиот пазар. Како се чувствуваш? Тоше Проески : Ова беше промоција проследена со доволен број на гости. Мојата издавачка куќа е „БМК“, дефинитивно најпопуларната музичка куќа во Бугарија. Многу ми е драго, бевме сместени во хотелот „Хилтон“ и се беше во најдобар ред. А1 : Што очекуваш од промовирањето на твојот албум и воопшто на македонската музика на бугарскиот пазар? Тоше Проески : Со оглед на тоа каква беше промоцијата и како бев пречекан, не се сомневам дека понатаму организацијата ќе биде во најдобар ред. Како што ветија луѓето од Бугарија, ќе сторат се` за мојата популарност да биде голема и таму. А1 : Кажи ни нешто повеќе околу твојата убедлива победа на „Беовизија“ во Белград? Тоше Проески : Искрено сум изненаден. Ова беше прва „Беовизија“ по 10 години. Извесно време не се организираше фестивал за „Евровизија“ во Србија и Црна Гора и многу ми е драго што сум победник на токму првиот фестивал. Нема да се оди на „Евровизија“. Многу луѓе разбрале погрешно, но добив лиценца да ја претставувам Србија и Црна Гора на Евровизија, се разбира доколку сакам. А1 : Кога ја доби наградата на „Беовизија“ изјави дека сеедно дали ќе ја претставуваш Македонија или Србија и Црна Гора сепак би одел на Изборот на Евровизија. Некој оваа изјава може да ја протолкува дека Тоше не е доволен патриот? Тоше Проески : Бев свесен дека оваа година Србија и Црна Гора не одат на Евровизија. Доколку се одеше сигурно немаше да настапувам на „Беовизија“. Следната година ќе настапам првенствено за Македонија, доколку ми се укаже шанса да ја претставувам. А1 : Имаш нов стил, нов менаџер, а сега и нови композитори. Дали мислиш дека ќе те повлече „шоу бизнисот“ кон целосна комерцализација на песните и ќе го наруши досегашниот имиџ на Тоше Проески кој имаше одлични песни каде можат да дојдат до израз твоите гласовни способности? Тоше Проески : Песната е многу убава и гласовните можности доаѓаат до израз и тука. Пробав да се прилагодам на српскиот пазар. Јас сум Тоше и продолжувам во мојот стил. Со оглед на тоа, во скоро време снимам и албум на англиски јазик. А1 : Тоше Проески никако да го видиме на фотографија со некоја девојка. Дали тоа значи дека гради имиџ на недопирлива ѕвезда или на „мачо“? Тоше Проески : Нема зошто да градам таков став, посебно во Македонија. Македонија е мала земја и сите се знаат меѓу себе. А1 : Дали Тоше има девојка? Тоше Проески : Немам, иако имаше многу афери во последно време. А1 / 16.04.2003 ЕВРОВИЗИСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БЕЛГРАД
- Каде и да настапувам, се трудам достоинствено да ја претставам мојата земја, ова не е само моја победа, туку и на Македонија - изјави Проески Македонската мегаѕвезда Тоше Проески победи на првото издание на фестивалот "Беовизија", кој се одржа завчера во белградскиот центар "Сава", на кој од идната година ќе се избира претставникот на Србија и Црна Гора за европската музичка манифестација "Избор за песна на Евровизија". - Ја посакував оваа победа, но не бев воопшто оптоварен со неа. Најважно ми беше да имам добар настап и на публиката да и се допадне песната. Навистина сум среќен, но ова не е само моја победа, туку и на Македонија. Каде и да одам, се трудам достоинствено да ја претставам мојата земја. Од тие мотиви веднаш по победата, кога се искачив на сцената, прво упатив поздрав до мојата публика во Македонија - изјави Тоше во краткиот телефонски разговор. За победата решаваа гласовите на стручното жири составено од познати имиња од музичкиот свет на Србија, публиката во салата и гледачите преку СМС-пораки. Песната "Чија си", на веќе докажаниот авторски тандем Леонтина-Жељко Јоксимовиќ, со која Тоше се претстави во втората натпреварувачка вечер, освои 75 бода и убедливо победи оставајќи ги зад себе второпласираната Теодора Бојовиќ ("Мој свет си ти") и големата југословенска ѕвезда Жељко Самарџиќ ("Јас те сакам повеќе"), на кој му припадна третото место. Проески убедливо ја освои и наградата од гледачите, кои гласаа преку СМС-пораки. Неговата победа на оваа музичка манифестација е од голема важност и поради фактот што тој се натпреваруваше со пејачките ѕвезди: Беби Дол, Марина Перазиќ, Екстра Нена, Маја Николиќ... Ова е вторпат Тоше да освои прво место на интернационален или домашен фестивал. Досега за него беше "резервирано" второто место. |
Archives
September 2021
|