За разлика од многу колеги, посебно од оние кои со една отпеана песна сами на себе си го додаваат епитетот голема ѕвезда, Билбилов по се изгледа е најосвестен и знае дека пејач со таков епитет имавме само до пред пет години. Иако зад себе има два албума и освен како пејач докажан е и како композитор, аранжер, продуцент и инструменталист, сепак на Роберт славата не му удрила во глава и не му е тешко да признае дека моменталните изведувачи независно дали на поп или фолк сцената, служат само за да го забавуваат народот.
Убаво кажано, ама тешко дека оваа гооолема изјава, со чест на исклучоците, ќе ги освести оние кои веќе влегле во филм дека се гооолеми...
30 Aug 2012