За роденден на Тоше Проески
Боже, и темнината со часовник се мерела: шеста година без тебе, ангелче. Еве ти малку светлина од монистра, да ти се најде таму каде што си.
Гердани солзи, од око девојчинско, на конец од љубов нанижани.
Какво геометриско совршенство! Солза под микоскоп: кристал избрусен.
Но, ене, една е скршена. Зар и солзата можела да засолзи, од тага да се парчоса?
Приѕирај нè кога можеш од небесата, и кога солзите наши ќе се сторат облаци, запеј! Со песната на првата пролетна грмотевица врати
ни ги солзите назад, исцелени како радосници, оти твојот лик светка
како молња во секоја од нив!
- Сетот го купи „Кестлин мак“ Скопје
28.12.2013
Сет 22 (продаден)