Во стрипот нашата пејачка мегаѕвезда, со својот супер глас, се бори со злото и го победува, поконкретно во првиот број се бори со "Мистер пират". Овај стрип го издава "Дел рио филм". Идејата им припаѓа на Оливер Ромевски и Зоран Танев. Цената ќе изнесува 40 денари, и во тираж од 10.000 ќе излегува на секои две недели. По првите четири недели, децата преку стрипот ќе го оформат и првиот голем постер на Тоше.
Стрипот е во црно бела комбинација, на 32 страници, на кои има и страница Супер Тоше фан клуб, наменета за најмладите читатели, во која ќе функционира и хуманитарно катче, наменето за сите на кои им е потребна помош. Ќе има и наградни игри и подароци, како маички со ликот на Тоше, мобилни телефони и многу други награди. По десетина броеви од
сите изданија ќе бидат дарувани во Домот за деца без родители "11 Октомври" и за децата во Клиниката. - Како што ни тргна работата, а судејќи според интересот, не е чудно наскоро да правиме и цртан филм, со ликот на нашиот јунак, на промоцијата најави Ромевски.
14 април 2005