Утрински / 04.09.2007
Тоше Проески завчера се закити со уште една награда – овој пат станува збор за признанието најдобар пејач од Македонија, кое му беше доделено на манифестацијата регионален Радиски фестивал што се одржа во Зеница, Босна и Херцеговина, во рамките на „БХ фестивалски денови“. Проески беше номиниран во силна конкуренција на пејачи, меѓу кои и Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Здравко Чолиќ, Регина... За потсетување, на претходната вечер, на интернационалниот музички фестивал „Европоп 2007“, победи Ноне Неделковска пеејќи ја баладата „Нисмо ти ми за љубав“ на Јован Јованов - музика и аранжман и Елвир Мекиќ - текст.
Утрински / 04.09.2007
0 Comments
|
Archives
September 2021
|