како и на закопот.
Со свечената литургија во црквата "Пресвета Богородица" чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, а тагата со семејството на Тоше, мајка му Доменика, татко му Никола и сестра му Дора, на неговиот вечен дом ја споделија огромен број пријатели, негови колеги, фанови. Поклонение пред почивалиштето на Тоше одаде и владината делегација предводена од министрите Ацо Спасеновски и Миле Јанакиевски и заменик-министерот за култура Јован Деспотовски. Андријана Будимир, чии интервјуа одекнаа во јавноста исто толку силно колку и веста за трагичната смрт, не се појави на вечното почивалиште на Тоше.
Причината поради која таа останала во Скопје остана мистерија, иако се споменуваше
дека не дошла затоа што не била пожелна.
"Дадовте неизмерно добра, талентирана и хумана душа, човек кој колку што е наш толку
е и господов", рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, велејќи дека токму затоа и солзите не запираат. Не запреа ниту сега. Реки обожаватели луѓе со нажалени срца и насолзени очи, еден по еден чекаа да му се поклонат на својот миленик кој замина кај ангелите.
Беше ангел на земјата, сега е ангел на небото. Слава му!
*Љиљана Петровиќ: *"Ви замерувам на сите, посебно на медиумите, требаше да го загубите Тоше за да сфатите колку тој е голем", изјави неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, која скршена од тага и болка пред уште еднаш да заврши во амбулантното возило едвај да можеше да се поклони пред својот Тоше иуште еднаш да побара утеха во прегратките на неговото семејство. "Многу ви забележувам на сите, особено на медиумите кои се главни
кај народот.
Затоа што не знаевте колку е голем Тоше. Затоа што требаше да го изгубите, па тогаш да сфатите колку вреди. Затоа што никогаш никој не гослушна мојот повик дека е
толку вреден. Тоа беше потполно неважно", рече Петровиќ.
25 ноември 2007