промоцијата на својот нов албум "Пратим те" во преполниот клуб
"Елингтонс" на белградскиот хотел "Хајат". Освен белграѓани, меѓу кои
беа и многу негови колеги (Тијана Дапчевиќ, Гога Секулиќ, Снежана
Џуришиќ, Маја Оџаклиевска, Јелена Карлеуша...), на овој несекојдневен
концерт присуствуваа и најогнените фанови кои тој, како љубезен домаќин,
ги доведе со автобус од Скопје и им плати сместување во престолнината на
СЦГ!
- Денес е роденден на мојата мајка, па оваа вечер и ја посветувам на
неа. Таа остана во Скопје и сега веројатно е на некоја романтична вечера
со татко ми - рекол Тоше на почеток на разговорот за "Блиц".
*А девојката? Дали таа дојде?
*- Немам девојка. Немам дури ни дете, иако некои весници напишаа дека во
Словенија ми се родил син. Таа жена за која ме врзуваат, е моја
познаничка, но никогаш ништо интимно не сме имале. Невозможно е да
добиете дете ако со некој испиете кафе штом се сретнете (се смее).
*Во какви односи сте со бившата девојка Благица Павловска, македонска
пејачка?*
- Со сите досегашни девојки останав во одлични односи. Крај на љубовта
не мора да биде и крај на пријателството.
*Слушам дека сте купиле стан во Скопје.*
-Да. Ете, по толку години работа на естрадата, успеав да заштедам пари и
да купам стан. Има 76 квадрати. Таман е како за мене самец (се смее).
*Дали е точно дека Вие во суштина не се викате Тоше Проески туку Тодор
Проја?*
- Јас се викам Тодор Проески. Точно е дека мојот дедо се презивал Проја,
но под влијание на средината го променили презимето за да биде во духот
на македонскиот јазик. Но, да ви откријам, планирам да го вратам старото
презиме ако се решам да правам светска кариера. Мислам дека на странците далеку им е полесно да го изговорат и запаметат Проја отколку Проески.
Симонида Станковиќ / 6 декември 2005
http://vecer.mk/zabavna/kje-go-vratam-svoeto-vistinsko-prezime-proja