26 ноември 2007
Се уште се преведуваат списите за несреќата во која животот го загуби
поп-ѕвездата Тоше Проески. Министерот за правда Михајло Маневски
демантираше дека предметот веќе се наоѓа во рацете на скопското Јавно
обвиниелство.
Се преведува документацијата и деновиве ќе биде предадена до надлежниот
Јавен обвинител за натамошно постапување. Јавното обвинтелство ќе одлучи
дали ќе се спроведе постапка или не и дали ќе се покрене кривична
одговорност против некого" - изјави Маневски.
Списите за трагичната несреќа во Министерството за правда пристигнаа
минатиот вторник. На хрватското обвинителство му беше потребно повеќе од
еден месец за собирање на целосната документација.
Време / 27.11.2007
СПОРЕД МИНИСТЕРОТ МИХАЈЛО МАНЕВСКИ
Предметот за сообраќајката во која загина Тоше Проески се преведува и деновиве ќе биде предаден до надлежниот Јавен обвинител за понатамошно постапување, информира министерот за правда Михајло Маневски по вчерашната презентација на Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија за правосудството. Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на швајцарскиот парламентарец Андреас Грос за отворање нова истрага околу уривањето на „кингерот“ во кој загина претседателот Борис Трајковски, Маневски рече дека треба да биде верифицирана секоја иницијатива која оди во правец на доразјаснување на определени околности за кои постојат недоречености и нејаснотии, како и за утврдување на сите елементи и околности во врска со трагедијата. На прашањето до каде е случајот со становите купени од Агенцијата за инвестиции и развој, а ставени под хипотека од приватната фирма „Конартис“, Маневски рече дека Министерството за правда секоја поплака од граѓаните ја испитува на соодветен начин и предлага мерки до Комората на извршители и до Нотарската комора во случаи кога наидува на непочитување на законите од нотарите и извршителите. - Во минатиот период се покажа дека непочитувањето на законите доведе да се загуби довербата во работата на нотарите, а сега и на извршителите како што се аферите „Фиком“ и заверката на хипотекарни договори. Нотарите и извршителите што нема да постапуваат согласно со Законот ќе бидат изложени на дисциплинска одговорност - додаде Маневски.