е во секој од нас, само треба да се разбуди, да се негува, да се покажува.
Но, дали ја разбравме пораката на Тоше? Или подобро, знаеме ли да ја примениме неговата порака кон себе и кон другите луѓе?
„Тестото од кое сме замесени тешко се обликува во нешто друго. Сметам дека светците и ангелите во крајна линија се тука за да не потсетат на големите достави на хуманоста, благородноста на душата итн., но дека во нив нема или
не им е зададен тој капацитет да влијаат битно врз нас“, изјави Ферид Мухиќ, универзитетски професор.
Неговата големина не беше во тоа што тој го зборуваше, туку во тоа што го правеше. Во едно време на агресивност и нетрпеливост меѓу младите ја наметна позитивната енергија, беше идол кој освојуваше мирно и едноставно, а сепак енергично и бунтовнички.
„Таков канал за љубов и давање дефинитивно ретко се сретнува на овие простори. Ова е почеток на нешто многу поубаво“, рече Соња Алексиќ, психотерапевт.
Луѓето не умираат со закопувањето во гроб, туку кога умираат во срцата, а Тоше засекогаш ќе живее во сечие срце. Ќе не направи ли тоа подобри и почовечни?
„Да го следиме патот по којшто одеше Тоше и ако го следиме тој пат, би имале некоја иднина. Тоше беше нова религија во Македонија и јас така и запишав во книгата, дека мене ме научи како да ја споделам љубовта, да ги покажам емоциите, да не ги кријам емоциите.
Се трудам да бидам похумана и да бидам дел од тоа што беше тој“, велат граѓаните. Болката што ја предизвика страшната трагедија имаше цел - да не потсети и освести дека сме биле среќни и дека не треба да газиме на туѓата среќа.
Хуманоста и човечноста се вистински вредности само тогаш кога во најтешките моменти се почитуваат и применуваат. Нашиот величествен идол и легенда
ни го покажа патот, треба само да го изодиме. Пречките наречени зло, завист, тешки моменти и несреќа да ги прегазиме мирно, чекорејќи со љубов, позитивна мисла и надеж. Така чекореше тој.
А1 / 25.11.2007