"На концертната промоција на својот нов албум "Пратим те",најпопуларниот македонски пејач Тоше Проески предизвика бурна реакција кај женскиот дел од публиката, која во делириум го отслуша неговиот настап во хотелот "Тхе Регент Еспланаде".
Само за време на првите две песни атмосферата била под контрола, но кога Тоше слегол од сцена меѓу девојките попуштиле сите кочници...
Ако ти е жешко соблечи ја маицата, викале возбудените гости во првите редови додека останатите жени, не трепкајќи, го гледале како божество. Девојките вриштеле танцувале и испеале се, од прв до последен стих, и не ја пропуштија приликата да се фотографираат со новиот секс симбол..
-Кога еднаш ќе се качам на сцена повеќе не се симнувам, рекол Тоше откако по предвидените пет песни се вратил на бис.Со танц и со комуникација со публиката докажал дека е одличен шоумен, а една песна сам ја отпеал и отсвирил на клавир. Покрај десетте свои песни, ја отпеал и традиционалната македонска "Зајди, зајди". Хрватска ми е многу битна, и од овде се сите мои пејачки примери, како Оливер и Џибони. А за месец и пол се враќам, ќе одржам концерт, веројатно во Лисински, рекол Тоше и ги демантирал написите на еден дневен весник дека му должи пари на хрватскиот продуцент Миро Буљан. Промоцијата ја следеле и ѕвездите на "Забранета љубов" Анита Бериша и Антонија Шола, која напишала неколку песни за албумот на Тоше. Биле и Ивана од Феминем, Кристина Сесар, Ивица Ковачевиќ, Жак, Кики Рахимовски и Санди, продуцентот Миро Буљан и оперскиот пејач Роналд Браус.