Беа изработени повеќе предлог решенија. Во согласност со семејството и владиното координативно тело за заштита на ликот на Тоше избрано е најдоброто. Од скопскиот фоторепортер Дарко Мариатов. Македонски пошти отпечатија милон поштенски марки. и,уште толку пликови за писма и флаери. Марката има вредност од 12 денари. Промовирањето на новата поштенска марка беше повод Општинската организација на Црвениот крст од Крушево и Републичкиот Заводот за трансфузија на Гумење да организираат доброволна крводарителска акција.Во знак на нивниот член,крводарителот Проески. И,родителите на Тоше, мајка му Домника,долгогодишен крводарител и татко му Никола,денеска се вклучија во акцијата. Во нивниот дом,во собата на Тоше со неговата слика и како што велат неговата над природна сила,дарија крв. Во текот на акцијата собрани се 50 на единици. Вакви акции ќе бидат организирани и во иднина.
Канал5 / 15.12.2007
Промовирана поштенска марка со Тоше
А1 / 15.12.2007
Поштенска марка со ликот на Тоше денеска беше промовирана во споменикот Македониум во Крушево. Марката за првпат во историјата на Македонија е испечатена во милион примероци и ќе има номинална вредност од 12 денари. Во употреба ќе биде пуштена уште денеска. Автор на марката е Дарко Мораитов, а за дизајнот биле консултирани родителите на Тоше. „Средствата добиени од издавањето на оваа поштенска марка ќе бидат донирани за хуманитарни цели“, изјави Садула Изаири, директор на „Македонски пошти“. Во склоп на манифестацијата и чест на Тоше и неговата хуманост, кој и самиот беше крводарител, се спроведе и крводарителска акција. Во домот на Тоше крв дадоа и неговите родители. Таткото на Тоше упати порака - да даде Господ на никого да не му затребаат овие донирани количини на крв. Во акцијата се приклучија и неговите другари. „Крводарител сум, досега имам дадено крв 25 пати. Сега имам можност да дадам крв во чест на Тоше“, рече Сотир Ицоски, другар на Тоше. „Тој беше хуман човек и ние другарите сега одиме по неговите стапки“, вели Перо Чавкар, другар на Тоше. Од семејството Проески соопштија дека одлучиле гробот на Тоше да не се преместува. „Се одлучи гробот на биде на истото место каде е сега, а во близина на гробот да има црквиче што ќе го носи името Преображение, како што е името на манастирот што го градевме крушевчани заедно со Тоше“, изјави Анастас Проески, чичко на Тоше. Спомен собата за Тоше најверојатно ќе се гради во близина на местото Гумење, но според чичкото Анастас, требало уште малку да се средат некои имотно-правни односи со земјиштето.