Долгонајавуваниот и очекуван концерт на мегаатракцијата Тоше Проески, на жалење на сите негови фанови, нема да се одржи во предвидениот термин - 28 септември на Градскиот стадион во Скопје. "Не смееме да ризикуваме. За 28 септември се најавува лошо време, има голема можност за појава на дожд", ни изјави менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ. Временската прогноза е добиена во консултација со нашите синоптичари, а терминот е единствен слободен на Градски и соодветен за одржување на најавениот концертен спектакл и промоција на последниот албум на Тоше Проески "По тебе". Веќе на 29 септември заминуваме на мини-концертна турнеја во Канада, а по враќањето времето, веројатно, ќе биде уште полошо.
Тоа е она што ме плаши и што не ми дозволува да ризикувам. Сe уште не знам за кога точно ќе го презакажеме концертот, но со оглед на тоа што станува збор за навистина скап проект, концертот, најверојатно, ќе се одржи напролет", додаде Петровиќ.
Утрински / 19.09.2005