Песна посветена на Тоше ќе се пее во Кипар
Песната со наслов „Анџеле”, која кипарскиот композитор Михалис Антониу ја напиша инспириран од Тоше Проески, вечерва за првпат јавно ќе биде испеана на концерт, кој ќе се одржи по повод роденденот на композиторот и негово 15-годишно музичко дејствување. Имено, на концертот во Ларнака оваа песна на крај ќе ја испее босанската оперска ѕвезда Жељка Катавиќ - Пиљ. Песната има три верзии, босанска под наслов „Анџеле”, англиска под наслов „Фаллен ангел” и грчка верзија. Ова е концерт од затворен тип на кој познати пејачи од Кипар, со кои Михалис има соработувано, ќе изведуваат негови песни, но и теми од Деби Шери од Малта и од Босанката Жељка Катавиќ-Пиљ. Познанството и другарувањето меѓу Тоше и Михалис почна летото во 2003 година, кога кипарскиот музичар допатува од Кипар да го следи концертот на македонската ѕвезда на Билјанини Извори. Михалис е чест гостин на музичките и фестивалски случувања во Македонија, неговата омилена земја
Оперската дива Жељка Катавиќ - Пиљ низ солзи испеа песна за Тоше
Босанската оперска дива Жељка Катавиќ - Пиљ минатата недела во кипарскиот град Ларнака премиерно изведе песна за Тоше Проески, во рамките на прославата на роденденот и 15 годишнината од композиторското творештво на Михалис Антониу. Песната, со наслов Falling Angel композиторот ја создаде и ја посвети на својот драг пријател, но почитувајќи ја одлуката на семејството никаде не го спомнува неговото име. А моментот на изведба Пиљ го доживеала емотивно и со солзи во очите. Тоа за мене беше прекрасно искуство. Прв пат бев на тој прекрасен остров и фасцинирана сум со сето тоа што го видов и доживеав таму. Но, пред се морам да кажам дека сум многу среќна и горда што тој четвртти септември ја имав таа можност да бидат во салата Арадипу. Концерт беше фантастинтен, полн со прекрасни песни кои Михалис ги напиша. А песната за Тоше, за тој ангел, мене ми значи многу. Најпрво сакам да кажам дека никогаш, ама баш никогаш не ни помислував да градам кариера со негово име. Јас сум многу едноставна и нормална личност, која секогаш ќе го цени сето тоа што Тоше го направи за својот живот, но и натаму го прави во срцата на луѓето. Во моето срце навистина има посебно место. Никогаш не го запознав лично но секој пат кога ќе го видев неговото насмеано лице се чувствував како да сме брат и сестра, раскажува пејачката. Таа на концертот ја исполнила англиската песна (која е снимена и во грчка и босанска верзија), зошто сакала сите кои таа ноќ биле таму, да ја разберат, а Михалис вели дека по концертот се почувствувал со полно срце што конечно имал можност на кипарските медиуми да му објасни каков пријател имал. Пиљ раскажува дека на видео ѕид се емитуваше видео-клип со фрагменти од настапи на Тоше. Боже мој, па тој како да беше со мене на сцена. Срцето ми чукаше како лудо. Знам дека можеби ќе звучи како фраза, но јас навистина верувам дека Тоше сакаше Falling Angel прв пат ја биде изведена токму на Кипар. Тие три минути колку што трае песната беа нешто најубаво и најдрагоцено за мене. Публика ме слушаше без здив. А јас бев бескрајно горда што можам да покажам што чувствувам и што со својот глас можев да го допрам тоа прекрасно суштество. Се личеше на сон во кој кој главна улога имаше Тоше. Засекогаш ќе го сакаме тој насмеан ангел, вели Пиљ, која са надева дека оваа песна ќе има можност да ја изведе и во Македонија.