само дел од изјавата на Тоше Проески дадена за српски Прес, а кој инаку
е споменат како дел од геј-листата на магазинот "Стандард", објавена
неодамна. "Да не е смешен текстот би бил скандалозен, затоа што навеле
иницијали на луѓе кои не се хомосексуално определени. Не ја поддржувам
таквата определба, но се работи за личен избор. Уредникот на весникот
што го објави текстот е болен и самиот е хомосексуалец и би сакал оние
чии иницијали ги објавил да бидат определени исто како него. Би сакал да
ми ја испрати жена му или ќерка му да му докажам дека не сум геј",
пренесува Прес дел од коментарот на Тоше, а по повод пишувањата во кои
се валка неговото име.
Тоше е само едно од имињата, односно иницијалите во спорниот текст
објавен во магазинот "Стандард". Станува збор за список на иницијали на
најпознати хомосексуалци во Србија што вклучува 42 личности од јавниот и
политичкиот живот, музичари, луѓе од светот на филмот, модата,
подземјето, но и црквата. Идејата, според главниот уредник на неделникот
Жељко Цвијановиќ, наводно била само да се релаксира јавноста и да се
охрабрат луѓето да признаат дека се хомосексуалци. Наводно, не сакале
ниту некого да навредат ниту да повикаат на линч, како што смета
српската геј-асоцијација.
Инаку, во склоп на темата со наслов "Србите во геј илегала", бил вметнат
меил на извесен Дејан Кличков насловен "Кој се' е геј во Србија", во кој
покрај нашиот Тоше уште се нашле и Здравко Чолиќ и Жељко Јоксимовиќ.
29 октомври 2006