го пронајдоа во уништениот таурег, а наводно, содржел четири спота
на англиски и два на македонски јазик за кои претходно немало
информации во јавноста.
Посебен фолдер именуван токму „Кристијан“ беше пронајден и по декодирањето на ајподот што хрватските власти по големата несреќа
го пронајдоа во уништениот таурег, а наводно, содржел четири спота на англиски и два на македонски јазик за кои претходно немало информации во јавноста.
0 Comments
Џибони, Тоше Проески, Тереза и Младен Грдовиќ се пејачи кои во Хрватска ќе имаат најдебел хонорар за новогодишната ноќ. За вистинската цифра постојат најразновидни информации и шпекулации, а тамошниот печат наведува цифри - од 10.000 до 100.000 илјади евра. Колку навистина новогодишната ноќ ќе му се позлати на Тоше не' информира неговата менаџерка Лилјана Петровиќ. - Владее огромен интерес за гостувањето на Тоше на плоштадот во Риека, а идејата потекна од градоначалникот Војко Оберснел. Факт е дека и Тоше и Џибони најдобро се котираат по топ-листите, популарни се и сето тоа си има своја атракција и во цената. Тоше ќе пее за сумата што ја заслужува, а тоа е за нијанса помалку од неговиот колега Џибони. Загатката се чини решлива - според пишувањето на хрватскиот „Вечерњи лист“, новогодишната „берба“ на Џибони изнесува 30.000 евра, а нашиот Тоше ќе пее за пет илјади евра помалку. Минатата година за највеселата ноќ Тоше од настапот на Скопскиот плоштад зеде 10.000 евра. Од сентиментални причини. Кога работи разумот, очигледно, подобро се заработува. Тоа може да го потврди Цеца – таа, и покрај најавите за Нова година во Скопје, својата песна ќе им ја подари на гостите на Копаоник за многу нули. Поточно, за несентиментални – 100.000 евра. Парите собрани од влезниците и од јавувањата на телефонот за донации ќе бидат наменети за разубавување на просторот пред Детската клиника во Скопје и за изградба на игротека
Со силни вресоци, скандирања на неговото име и првите тактови на „По тебе“ почна двочасовната забава со песна и музика што Тоше Проески завчера, од името на хуманоста, ја приреди во Универзалната сала во Скопје. Концертниот простор беше претесен за да ги собере сите што сакаа да уживаат во песните на големата ѕвезда и да пеат заедно со него. Меѓу публиката беа и неговите верни обожаватели, лицата со посебни потреби, за кои Тоше отсекогаш беше и денес е најголема ѕвезда. За тоа сведочеа и неколкуте транспаренти на кои пишуваше „Тоше те сакаме“ и „Тоше, ти си нашата најголема ѕвезда“! Одлично подготвен и со беспрекорна професионална поддршка од својот бенд, Проески во живо ги отпеа своите нови, потсети на старите хитови, но и изведе неколку странски композиции, кои, како што рече, му се едни од најомилените. И овој пат, неговата харизматичност, милост и, пред се', убави стихови, направија публиката да падне во делириум и постојано да го наградува со громогласни аплаузи и силни вресоци. И самиот Тоше не можеше да остане рамнодушен на изјавите на љубов и силните емоции што можеа да се почувствуваат во салата и неколкупати кажа дека најубаво му е кога пее дома, за својата публика и дека, едноставно, се чувствува прекрасно меѓу своите обожаватели. Тоше Проески Без задршка Дочекан на нозе, со овации, вресоци, транспаренти „Тоше, те сакам“, „Тоше, ти си нашата ѕвезда“, завчеравечер во Универзалната сала, Тоше Проески уште еднаш ја потврди својата хуманост и го одржа традиционалниот хуманитарен концерт „Со музика за живот“. Облечен во кафено палто, шалче и искинати фармерки пикнати во чизми, самата појава на Проески на сцената овој пат специјално послана со рози, предизвика делириум во преполната сала. Првите тактови на „По тебе“ значеа и почеток на ноќта во која се пееше и играше од почеток до крај, ноќ која и да траеше 24 часа ќе беше прекратка за жедните обожавател(к)и на Тоше Проески. „Одамна не сум имал концерт дома, често патувам, не сум се прибрал. Не знаете колку добро се чувствувам вечерва“, рече Проески, продолжувајќи ја вечерта со своите најголеми хитови. Ги слушнавме „Ден за нас“, „Рузвелтова 3“ (и' ја посвети на Весна Бејби), „Ако ме погледнеш во очи“, „Далеку од мене“, „Ангел си ти“, „Соба за тага“, „Лејди“, „Срце није камен“, „Љубена“, „Чија си“..., во преубава, распеана и разиграна атмосфера и публика каква што секој пејач може да посака, на моменти погласна и од самиот Тоше. Во знак на благодарност, Проески се поклони и клекна на колена, навестувајќи го вториот дел од завчерашниот хепенинг. На изненадување на многумина, Тоше го видовме во едно поинакво светло - со гитара во раце и изведба на неколку свои и светски хитови. Одлично прозвучеа „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Громови на душа“, „Fragile“ (Стинг) на „жички“ и придружба на уште тројца членови од бендот „Блу фанки индивидуалс“... Вистински морници предизвика изведбата (без проба) на „Bed of Roses“ од Џон Бон Џови, а малку потоа следуваше и финиш со „Твоите бели кошули“. Цвеќе, мечиња, изјави на љубов беа задолжителен подарок од публиката на која не и' помогнаа ниту скандирањата, ниту извикувањата Тоше да се врати на сцената. По два и пол часа жестока и без паузи свирка, Проески, како што рече и самиот, замина мирно да спие. Средствата од неговиот петти хуманитарен концерт ќе се наменат за доопремување на Клиниката за детски болести во Скопје. Браво Тоше! (К.Ш.) Kompletnim pregledom Tošinog i-poda, njegovog studija i mobitela, pronađeno je ukupno 88 neobjavljenih kompozicija, koji su autorsko djelo tragično zaspale zvijezde. Od njih, 22 pjesme su kompletno završene, a Toše ih je pjevao na engleskom jeziku. One su snimljene na CD koji je zaspala zvijezda nazvala "Moi, najmoi." Neke od njih su dobile naslove "Moja, ubava", "Ubava", "Moja Izi". Dijelovi pjesama su napravljeni kao instrumentalna verzija. Neke su sređene do polovine, a neke su samo počete. Dijelove pjesama Toše je pjevao bez teksta. Uskoro planiramo da otvorimo i njegov studijski kompjuter. Nadamo se da ćemo u njemu naći još kompozicija. Većina od 88 pronađenih pjesama što smo pronašli su u rock stilu, a ima i rock balada..... (2008)
|
Archives
September 2021
|