наградата на ТВ "Палма" за најпопуларен, најсакан и најтиражен пејач од
Вардар до Триглав. На церемонијата, што директно се пренесувала на
телевизијата, сите наградени пееле по некоја песна на плејбек, а Тоше е
познат по тоа што не прифаќа таков тип на промоција, па и испеал две
строфи од песната "Тајно моја".
Дека Тоше нема ама баш ништо заедничко со другите "на сила и вештачки
промовирани пејачи" во Белград, говори фактот дека иако е ексклузивец на
ПГП РТБ, сите други медиуми се заинтересирани за него, а оваа награда ја
прима според параметарот - гледачите на Палма. Белградските моми се
посебно заинтересирани за убавото "момче Македонче", во овој период,
кога Тоше е слободен и нема девојка. Сепак, според реакциите на
публиката, најголемо лудило и хистерија по него владее во подалечната
"дежела"”, Словенија. Утревечер ќе одржи уште еден хуманитарен концерт
во Универзална сала.
24 декември 2005