Бидејќи во цитираната одредба не е предвидена должност стечајниот управник
да бара и да ги убедувате стечајните доверители да ја повлечат поднесената Пријава за стечајно побарување, се прашуваме која е основата за доставено барање со инсистирање за повлекување", стои во одговорот на Управата за јавни приходи до стечајниот управник Костов. УЈП му укажала на Костов дека фактот што досега не е пронајден имот не е основа за повлекување на побарувањето по основа на данок, и побарала од него "да го коригира своето однесување и да спроведе постапка согласно Законот и професионалните стандарди".
Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски вчера за "Вест" објасни дека даночен долг не може да се прости и може да се раскнижи само со судска одлука. "Нема постапка против Тоше Проески. Управата за јавни приходи ја опсервира 'Фајнал кат. Т. продукција', како ризична фирма што не плаќала долгови. Зад тоа правно лице како застапник се појавува Љиљана Петровиќ, а истото лице е и 100- процентен основач. Еден бил и газда и управител на фирма основана со минимален основачки влог. Сега Управата за јавни приходи проверува кој го поднел барањето за стечај, се проверува фактот зошто кај фирмата до денес не е пронајден имот и зошто фирмата работела со години истовремено трупајќи загуби. Законот предвидува и можност за 'лажен стечај', односно стечај со умисла по направен долг и преземање обврски што знае дека не може да се покријат од работењето", ни изјави директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.
26.10.2007