На прашањето "Кој, според вашето мислење е личност на годината?"
поставено до гледачите на хрватската НОВА ТВ на нивниот портал
dnevnik.hr, Хрватите одговориле - Тоше Проески.
Дури 48% од читателите на порталот гласале за Тоше од деветте можни
понудени имиња. Во анкетата учествувале дури 21.025 читатели на порталот.
Тоше Проески беше и се уште е исклучително популарен во Хрватска, а
неговите албуми таму се продаваат во големи тиражи.
Второто место на оваа листа му припаѓа на селекторот на хрватската
фудбалска репрезентација Славен Билиќ.
23 декември 2007