- Изморено, пред се', поради огромниот број обврски во изминатиот период, во кои максимално се вложив. Во секој случај, ми се случија преубави работи.
Каде ќе ја пречекаш Новата година?
- Во Виена. Работно.
Добиваш ли се' уште пакетчиња?
- Во последниве години најмногу ги подарувам.
Кој ти е најдраг подарок? И што најчесто подаруваш?
- Навистина не можам да се сетам. Сум добил многу подароци, а најчесто подарувам цвеќе, зашто мислам дека тоа е најубавиот подарок за жената.
Колку заработи во изминатиов период?
- „Мерцедес“.
Ти „легна“ ли новиот автомобил?
- Дефинитивно! Не возам многу брзо и кога патувам - сакам да густирам, додека најголемата брзина кога одам за Крушево е 110 км на час.
Каролина или Калиопи?
- И двете.
Имаш ли многу огледала во новиот стан?
- Се' уште не сум се вселил и не сум правел планови околу тоа.
Го делиш ли уште домот со твојата менаџерка?
- Да. И така ќе биде уште еден месец.
Дали сакаш кожени панталони?
- Уживам во нив, зашто во кожа се чувствувам најубаво.
Која од аферите што си ги слушнал или прочитал најмногу ти се допаднала и зошто?
- Ниедна, а најсмешна беше последната со тетовирањето.
Со кого сакаш да поминеш една романтична вечер?
- Со Лив Тајлер.
Што мислиш за допинг-средствата?
- Не ги оправдувам и никогаш не би ги употребил. Фала му на Господа, имам здрав организам на кој не му се потребни такви средства.
Дали имаш посебни барања во однос на девојките со кои излегуваш?
- Немам.
Што го прави мажот - маж?
- Пред се', ставот и разумното размислување и однесување.
Чувствуваш ли дека времето ти поминува брзо?
- Премногу брзо! И некогаш посакувам барем за момент да го запрам, но не можам...
Каде имаш најголем скокот?
- На стапалата.
Кој ти е омилен дел од твоето тело, а кој од женското?
- Не знам... А од женското? Ха, ха, ха... Целото тело, секој дел од него си има своја магија и убавина и затоа го обожавам од глава до петици!
Сакаш ли „бучни“ и доминантни девојки или претпочиташ твојот збор да биде последен?
- Најидеално би било кога би имале некоја средина: ниту премногу бучава ниту мојот збор да е секогаш последен. Меѓусебното разбирање е најважно.
Имаш ли девојка?
-Не.
Сакаш слаби или дебелки девојки?
- Повторно гласам за средината.
Кого попрво би понел со себе на пуст остров: твојата менаџерка или новата девојка?
- Кога би ја имал, веројатно, би ја понел новата девојка.
Што јадеш најмногу за Нова година?
- Се трудам да не јадам премногу, зашто последниве години речиси редовно сум ги завршувал со „последици“. Најчесто се „занимавам“ со грицки, а пробувам и од нашите традиционални јадења, но во умерена доза.
Сакаш ли мрсничко?
- Да, но повторно умерено.
Кој ти е омилен пијалок?
- Мартини.
Со која музика се олабавуваш?
- Филмска. Ја претпочитам музиката од „Гладијатор“.
Што правиш кога си во Крушево?
- Пред се', се одморам и го користам времето да се прошетам до оние места што ме потсетуваат на минатото.
Која е твојата новогодишна желба?
- Најважно од се' ми е здравјето, дај Боже да го издржам сиот товар што ме очекува. Здравје и среќа, а истото им го посакувам и на читателите на „Утрински весник“, на кои им ја честитам Новата година.