Време / 07.09.2006
Три дена и три ноќи забава и дружење со Тоше и неговите пријатели
Дневник / 11.09.2006
Иако не беше соопштено колку пари се собрани за манастирот „Свето Преображение“, менаџерката Лилјана Петровиќ изјави дека настанот ја постигнал целта Првпат на едно место Тоше успеа да ги собере големите музички ѕвезди како Калиопи, Владо Јаневски, Маја Оџаклиевска, Бојан Маровиќ, Бени Шакири, Дани, Маја Гроздановска-Панчева и Билјана Крстиќ и со нив три дена и три ноќи да се дружат и да ги забавуваат многуте посетители што специјално за донаторскиот хепенинг допатуваа и престојуваа во охридскиот хотел „Десарет“. Од средата до петокот се играше одбојка на плажа, се танцуваше и пееше. Забавата на плажа беше збогатена со егзотично играње на конго-музика на танчарската група од Белград, со акробации на жонглери и со ревија со моделите на студиото „Моделс ин“. Попладневните часови беа резервирани за жур на брод, а ноќите за спектакуларно караоке-шоу на големите музички имиња, кои освен своите, изведуваа светски и бивши ју-хитови. Посетителите имаа неповторлива можност да слушнат како звучи кога истовремено пред микрофон ќе застанат и ќе запеат моќните вокали Тоше, Калиопи, Маја Оџаклиевска и Владо Јаневски. Во придружба на бендот „Блу фанки индивидуалс“, соло-настапи одржаа Бени Шакири и Дани. По полноќ забавата продолжуваше во дискотеката на отворено со познати диџеи, меѓу кои Британците Свит Пи и Рејнинг мен. Во забавата уживаа многу гости, а специјално за овој настан организирано допатуваа и десетици студенти од скопскиот универзитет. Гости на настанот беа и Марко Новески, Дејан Миличевиќ, Надица Георгиева, Сергеј Варошлија, а водителот Дарко Мијалковски беше задолжен за одјавата на настанот, што беше проследено со огномет. Хепенингот „Тоше и пријателите“, во организација на продукциите „Аворд“ и „Фајнал кат“, а на иницијатива на Тоше Проески, имаше цел да се соберат средства за доизградба на крушевскиот манастир „Свето Преображение“. Иако сумата на собрани средства не беше официјално објавена, менаџерката Лилјана Петровиќ изјави дека настанот ја постигнал својата цел
Успешна акција на Тоше и пријателите во Охрид
Време / 11.09.2006
ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „АВОРД“ И НА „ФАЈНЛ КАТ“ Тоше Проески и повеќе јавни личности од земјава и од странство од петокот до вчера се дружеа во охридскиот хотел „Десарет“. Одлична журка, одбојка на плажа, караоке, згодни момци и девојки беа само дел од многубројните активности зад кои имаше хумана цел - собирање средства за иконостасот во крушевскиот манастир „Св. Преображение“, кој се гради повеќе од десет години. Акцијата, според организаторите „Аворд ентертеинмент“ и „Фајнл кат“, помина успешно. Во сончевото време и во топлата езерска вода уживаа повеќе домашни и странски музички пријатели на Тоше - Владо Јаневски, Калиопи, Маја Оџаклиевска, Ребека, Дани, Маја Гроздановска-Панчева, Бојан Маровиќ... Охриѓанецот Жанко Чадо беше меѓу првите што донираа средства за изградбата на олтарот. - Задоволство ми е што сум во Охрид и што сум дел од една хумана акција. Тој што е поканет на нешто вакво, а не доаѓа, мора да има дебела причина за тоа - изјави гостинот од Црна Гора Бојан Маровиќ. Присутни беа и Брајан Тејлор, менаџерот на Тоше од Лондон, познатиот англиски диџеј Фрит Биг, Словенецот Анжеј Денаж и Биља Крстиќ со својот оркестар „Бистрик бенд“. - Секогаш ги прифаќам ваквите покани, зашто станува збор за нешто хумано и настојувам да дадам свој придонес. Ова е убава идеја преку дружење и забава јавните личности да придонесат да му се помогне некому - изјави Крстиќ. Организаторите не ја открија собраната сума, но велат дека се задоволни од ефектот што го постигнала манифестацијата.