Кобен ден октомвриски, шеснаесетти по ред во месецот што Тоше го љубеше поради боите на есента. Велеше, есента е најубавото платно што Господ знаел да го наслика. Живееше брзо, сакаше многу и им веруваше на луѓето. Вчера одлета кон небото, меѓу ѕвездите. Во годината кога нашата најголема пејачка ѕвезда требаше да го прослави својот јубилеј - 10 години постоење на музичката сцена - се случи трагедија. Цела Македонија тагува по златното момче од Крушево. Веста што стаса од Нова Градишка, Хрватска, се' уште не е за верување. Луѓето, едноставно, одбиваат да веруваат дека го загубиле најдрагото од Македонија. Последната средба со домашната публика Тоше ја имаше на 5 октомври, на Градскиот стадион, каде што пееше по трет пат. „Каде и да одам, што и да правам, никогаш нема да ја заборавам Македонија. Јас сум Македонец и секогаш ќе тргнувам оттука“, велеше Тоше. Никогаш дотогаш немало толку многу публика, таква енергија и распеани грла (над 25.000) како таа октомвриска вечер на Градски. Никогаш дотогаш немало повеличествен хуманитарен концерт. Не знаејќи дека пее за последен пат, Тоше се поздрави на посебен начин со своите фанови - легна на сцена под ѕвездено небо и пееше без прекин цели три и пол часа! „Чест ми е што сум дел од еден ваков проект. Им благодарам на УСАИД што ми дадоа можност и јас да дадам свој придонес. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните ми значат посебно, зашто имаат трајна вредност“, изјави Тоше ден пред концертот (4 октомври) на последната средба со новинарите, веднаш по враќањето од мини-турнејата во Австралија. Со последниот концерт, на кој во првите редови беа неговите родители (каква иронија - тие речиси никогаш не присуствуваа на неговите концерти поради трема), тој на основците им обезбеди 150.000 долари наменети за реновирање на нивните училишта. Никогаш не заборави дека потекнува од сиромашно работничко семејство и секогаш му се заблагодаруваше на Бога. Хуманитарните концерти беа негова традиција. Вообичаено, секој последен месец во годината, под мотото „Со музика за живот“, одржуваше концерт и праќаше новогодишна (финансиска) честитка на луѓе и места каде што беа најпотребни (Клиниката за детски болести, Заводот за рехабилитација...). Често го посетуваше и Домот за деца без родители „11 Октомври“, а во родното Крушево, со сопствени средства, помогна во изградбата на црквата „Св. Преображение“. Уште една иронија, на последната средба со новинарите, само пред 13 дена, Тоше ги доби и клучевите од новиот џип „туарег“, подарок од неговиот спонзор „Порше Македонија“. Беше изненаден, зашто не знаеше дека ќе вози уште понов модел од оваа марка, автомобил кој одамна го посакувал. „Порано немав среќа да го имам, но сега желбата ми се исполни. ’Туарегот‘ е јаготка на шлагот. Ова не го правам од комерцијални причини, туку од вистинска љубов кон автомобилот. Всушност, јас и оваа марка автомобил имаме многу сличности. Во мојата работа треба да си вистински ’туарег‘ за да ги поминеш сите препреки“, изјавуваше Проески. Ненадејната смрт го затече на прагот на светската кариера. Во тек беше снимањето на англискиот албум со кој требаше да му се претстави на светот. Дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини беше само најава за проектот што требаше да се промовира во наредниот месец, а прогнозите на менаџерите од Британија беа крајно оптимистички. „Привилегирани сме што ќе работиме со Тоше. На скала од еден до десет, на Тоше му даваме сто проценти шанси дека ќе успее да стане европска и светска ѕвезда. Среќни сте што имате таков талент во вашата земја. Во Англија имаме само тројца-четворица како него“, истакнуваа англиските менаџери на Тоше кои лани ја посетија Македонија. Композиторот Ендрју Рајт (заштитно име за „Симпли ред“ и дел од авторскиот тандем на „Јуритмикс“, Ени Ленокс, Лучијано Павароти..) и менаџерот Ричард Енглер, во името на компанијата „Пипл ин моушн“, требаше да ја креираат кариерата на нашиот пејач во наредните неколку години, период во кој Тоше требаше да издаде три албуми. „Верувам во своите квалитети и во квалитетите на луѓето околу мене. Чувствувам капацитет што треба да излезе од сегашните рамки. Пред нас е напорна работа“, изјавуваше Тоше. Најдобриот македонски пејач беше еден од најпосакуваните ергени на Балканот. Постојано беше опсипуван со подароци, мечиња, цвеќе, па и долна облека на своите концерти, но срцето (во последните месеци од својот живот) и' го даруваше на ексракометарката Андријана Будимир. Му се случуваше повторно обновена љубов. Живееше во својот ексклузивен дом во населбата Злокуќани, а секој слободен момент го минуваше со семејството во Крушево. Тоше им остави последен подарок на своите фанови - новиот албум „Игри без граници“. На неодамнешната промоција во „Александар палас“ рече дека станува збор за негов најдобар албум досега, дека насловната тема му е омилена, а „Цреша“, уште една од песните што се наоѓаат на него, е негова автобиографија. Токму со овој албум штотуку ја заврши промотивната кампања низ екс ЈУ-просторите. Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп. Оваа година го прослави роденденот со торта во форма на автомобилот „буба“ со портокалова боја на која беа поставени 26 свеќички. Дувна и посака здравје и ист таков модел на автомобил. „Четириножците“ беа негова страст. Проески почнал да покажува интерес за музиката уште од најрана возраст, но првиот јавен настап го има на фестивалот „Мелфест“ во Прилеп во 1996 и подоцна во 1997 година. Во 1997 година, со песната „Пушти ме“ учествува и на фестивалот „Макфест“, а година подоцна (1998) се појавува и на националниот избор за претставник на Македонија на „Евросонг“ пеејќи „Остани до крај“. Соработката со композиторот Григор Копров, која почна во 1998 година, му ги донесе и првите големи хитови, како што се „Усни на усни“ и „Сонце во твоите руси коси“, со кои се искачува во врвот на македонската сцена. Истата година на Скопски фестивал ја освојува првата награда од публиката со „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, а тоа лето одржува и прв самостоен концерт во Скопје, кој се помни по поројниот дожд. Момчето, чија омилена реченица беше „Ве сакам сите“, во 1999 година го објави својот деби-албум „Некаде во ноќта“, а истата година потпиша договор за соработка со „Авалон продукција“. На цедето се најдоа 11 песни, меѓу кои и „Ех, да сум злато“, „Руски рулет“, „Сонце во твоите руси коси“... Цедето му донесе многу награди на манифестацијата „12 величествени“, како што се признанијата за најпејач, најконцерт, најспот... Веќе во јуни 2000 година го објави и вториот албум „Синот божји“, а песните „Немир“ (дует со Каролина Гочева), „Во коси да ти спијам“, „Тајно моја“... стануваат големи хитови. Во 2001 година учествува на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови со песна од првиот албум „Сонце во твоите руси коси“ и ја освојува втората награда од жири-комисијата. Истата година одржува и пет концерти во Универзална сала во Скопје и голем концерт во преполниот Сава центар во Белград! Во октомври 2002 година привршува со работа на својот трет албум кој го снима во студио во Атина во две верзии на македонски и на српски јазик. Албумот се вика „Ако ме погледнеш во очи“, а зад Тоше како менаџер стои Лилјана Петровиќ. На ова цеде соработува со познатиот грчки композитор Фибос, додека како автор на стиховите се јавува Марина Туцаковиќ. Тука е и познатиот диџеј Каан, турската група „Харем“ гостува на две песни, а продуцент на албумот е Манолис Влахос. Во април 2003 година, победува на фестивалот „Беовизија“ во Белград со песната „Чија си“, која станува огромен хит и ја отвора неговата меѓународна кариера. Наредната 2004 година ја претставува Македонија на Евровизија во Истанбул со англиска верзија на песната „Ангел си ти“ - „Лифе“, со која го освои 14. место. Истата година го објавува и четвртиот албум „Ден за нас“, кој е прв за територијата на Хрватска и на Словенија. Една година подоцна (2004) беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја сними песната „За овој свет“, која има и англиска верзија - „Тхис Њорлд“. Во меѓувреме, Тоше се испроба и како колумнист во нашиот весник (во петочното издание „Магазин плус“), а неговите колумни беа меѓу најчитаните текстови. Успешната кариера ја продолжи во 2005 година со објавување на новиот албум „По тебе“, кој излезе во сите екс ЈУ-републики, а, според оцените на критичарите, претставуваше еден од најдобрите албуми објавени во последните години на овие простори. Проески студираше на Музичката академија во Скопје и постојано го надградуваше својот глас. Земаше часови по пеење и кај врвниот американски професор Вилијам Рајли, кој беше учител и на најпознатиот светски тенор Лучијано Павароти. Неговиот претпоследен албум „Божилак“, кој го издаде лани, за многумина е вистински музички деликатес, компилација на македонски етнопесни што ги изведува Тоше во придружба на симфониски оркестар, во кој до израз доаѓаат неговите гласовни можности. Во паузата до последниот албум „Игри без граници“ Тоше имаше многу настапи и победа на Хрватскиот радиски фестивал што се одржа во јули на островот Хвар. Навистина беше чест да се присуствува на неговиот концерт одржан по победата и да се видат сите тие лица, хрватската публика која го смета за свој миленик и апсолутен фаворит. И во 2006 и во оваа година тој беше прогласуван за најслушан пејач во Хрватска. Тоше беше миленик на српската, хрватската, црногорската, словенечката, хрватската... публика. Ги сакаше дуетите - во 2001 година ја испеа песната „Немир“ заедно со Каролина Гочева, пееше со Гоца Тржан, Есма, Тони Цетински, Ања Рупел... Откако го освои Балканот, се даде во светски поход - дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини „Арија“. Песните на Тоше секогаш беа во врвот на топ-листите. Тој беше вистинска балканска ѕвезда, на прагот на светската кариера. Една од неговите најголеми желби беше настап на големиот фестивал „Сан Ремо“.
Тоше беше вистинска балканска ѕвезда, омилен во Белград, Загреб, Љубљана. Но, за него Македонија беше пред сите, Катерина Шекеровска Кобен ден октомвриски, шеснаесетти по ред во месецот што Тоше го љубеше поради боите на есента. Велеше, есента е најубавото платно што Господ знаел да го наслика. Живееше брзо, сакаше многу и им веруваше на луѓето. Вчера одлета кон небото, меѓу ѕвездите. Во годината кога нашата најголема пејачка ѕвезда требаше да го прослави својот јубилеј - 10 години постоење на музичката сцена - се случи трагедија. Цела Македонија тагува по златното момче од Крушево. Веста што стаса од Нова Градишка, Хрватска, се' уште не е за верување. Луѓето, едноставно, одбиваат да веруваат дека го загубиле најдрагото од Македонија. Последната средба со домашната публика Тоше ја имаше на 5 октомври, на Градскиот стадион, каде што пееше по трет пат. „Каде и да одам, што и да правам, никогаш нема да ја заборавам Македонија. Јас сум Македонец и секогаш ќе тргнувам оттука“, велеше Тоше. Никогаш дотогаш немало толку многу публика, таква енергија и распеани грла (над 25.000) како таа октомвриска вечер на Градски. Никогаш дотогаш немало повеличествен хуманитарен концерт. Не знаејќи дека пее за последен пат, Тоше се поздрави на посебен начин со своите фанови - легна на сцена под ѕвездено небо и пееше без прекин цели три и пол часа! „Чест ми е што сум дел од еден ваков проект. Им благодарам на УСАИД што ми дадоа можност и јас да дадам свој придонес. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните ми значат посебно, зашто имаат трајна вредност“, изјави Тоше ден пред концертот (4 октомври) на последната средба со новинарите, веднаш по враќањето од мини-турнејата во Австралија. Со последниот концерт, на кој во првите редови беа неговите родители (каква иронија - тие речиси никогаш не присуствуваа на неговите концерти поради трема), тој на основците им обезбеди 150.000 долари наменети за реновирање на нивните училишта. Никогаш не заборави дека потекнува од сиромашно работничко семејство и секогаш му се заблагодаруваше на Бога. Хуманитарните концерти беа негова традиција. Вообичаено, секој последен месец во годината, под мотото „Со музика за живот“, одржуваше концерт и праќаше новогодишна (финансиска) честитка на луѓе и места каде што беа најпотребни (Клиниката за детски болести, Заводот за рехабилитација...). Често го посетуваше и Домот за деца без родители „11 Октомври“, а во родното Крушево, со сопствени средства, помогна во изградбата на црквата „Св. Преображение“. Уште една иронија, на последната средба со новинарите, само пред 13 дена, Тоше ги доби и клучевите од новиот џип „туарег“, подарок од неговиот спонзор „Порше Македонија“. Беше изненаден, зашто не знаеше дека ќе вози уште понов модел од оваа марка, автомобил кој одамна го посакувал. „Порано немав среќа да го имам, но сега желбата ми се исполни. ’Туарегот‘ е јаготка на шлагот. Ова не го правам од комерцијални причини, туку од вистинска љубов кон автомобилот. Всушност, јас и оваа марка автомобил имаме многу сличности. Во мојата работа треба да си вистински ’туарег‘ за да ги поминеш сите препреки“, изјавуваше Проески. Ненадејната смрт го затече на прагот на светската кариера. Во тек беше снимањето на англискиот албум со кој требаше да му се претстави на светот. Дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини беше само најава за проектот што требаше да се промовира во наредниот месец, а прогнозите на менаџерите од Британија беа крајно оптимистички. „Привилегирани сме што ќе работиме со Тоше. На скала од еден до десет, на Тоше му даваме сто проценти шанси дека ќе успее да стане европска и светска ѕвезда. Среќни сте што имате таков талент во вашата земја. Во Англија имаме само тројца-четворица како него“, истакнуваа англиските менаџери на Тоше кои лани ја посетија Македонија. Композиторот Ендрју Рајт (заштитно име за „Симпли ред“ и дел од авторскиот тандем на „Јуритмикс“, Ени Ленокс, Лучијано Павароти..) и менаџерот Ричард Енглер, во името на компанијата „Пипл ин моушн“, требаше да ја креираат кариерата на нашиот пејач во наредните неколку години, период во кој Тоше требаше да издаде три албуми. „Верувам во своите квалитети и во квалитетите на луѓето околу мене. Чувствувам капацитет што треба да излезе од сегашните рамки. Пред нас е напорна работа“, изјавуваше Тоше. Најдобриот македонски пејач беше еден од најпосакуваните ергени на Балканот. Постојано беше опсипуван со подароци, мечиња, цвеќе, па и долна облека на своите концерти, но срцето (во последните месеци од својот живот) и' го даруваше на ексракометарката Андријана Будимир. Му се случуваше повторно обновена љубов. Живееше во својот ексклузивен дом во населбата Злокуќани, а секој слободен момент го минуваше со семејството во Крушево. Тоше им остави последен подарок на своите фанови - новиот албум „Игри без граници“. На неодамнешната промоција во „Александар палас“ рече дека станува збор за негов најдобар албум досега, дека насловната тема му е омилена, а „Цреша“, уште една од песните што се наоѓаат на него, е негова автобиографија. Токму со овој албум штотуку ја заврши промотивната кампања низ екс ЈУ-просторите. Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп. Оваа година го прослави роденденот со торта во форма на автомобилот „буба“ со портокалова боја на која беа поставени 26 свеќички. Дувна и посака здравје и ист таков модел на автомобил. „Четириножците“ беа негова страст. Проески почнал да покажува интерес за музиката уште од најрана возраст, но првиот јавен настап го има на фестивалот „Мелфест“ во Прилеп во 1996 и подоцна во 1997 година. Во 1997 година, со песната „Пушти ме“ учествува и на фестивалот „Макфест“, а година подоцна (1998) се појавува и на националниот избор за претставник на Македонија на „Евросонг“ пеејќи „Остани до крај“. Соработката со композиторот Григор Копров, која почна во 1998 година, му ги донесе и првите големи хитови, како што се „Усни на усни“ и „Сонце во твоите руси коси“, со кои се искачува во врвот на македонската сцена. Истата година на Скопски фестивал ја освојува првата награда од публиката со „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, а тоа лето одржува и прв самостоен концерт во Скопје, кој се помни по поројниот дожд. Момчето, чија омилена реченица беше „Ве сакам сите“, во 1999 година го објави својот деби-албум „Некаде во ноќта“, а истата година потпиша договор за соработка со „Авалон продукција“. На цедето се најдоа 11 песни, меѓу кои и „Ех, да сум злато“, „Руски рулет“, „Сонце во твоите руси коси“... Цедето му донесе многу награди на манифестацијата „12 величествени“, како што се признанијата за најпејач, најконцерт, најспот... Веќе во јуни 2000 година го објави и вториот албум „Синот божји“, а песните „Немир“ (дует со Каролина Гочева), „Во коси да ти спијам“, „Тајно моја“... стануваат големи хитови. Во 2001 година учествува на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови со песна од првиот албум „Сонце во твоите руси коси“ и ја освојува втората награда од жири-комисијата. Истата година одржува и пет концерти во Универзална сала во Скопје и голем концерт во преполниот Сава центар во Белград! Во октомври 2002 година привршува со работа на својот трет албум кој го снима во студио во Атина во две верзии на македонски и на српски јазик. Албумот се вика „Ако ме погледнеш во очи“, а зад Тоше како менаџер стои Лилјана Петровиќ. На ова цеде соработува со познатиот грчки композитор Фибос, додека како автор на стиховите се јавува Марина Туцаковиќ. Тука е и познатиот диџеј Каан, турската група „Харем“ гостува на две песни, а продуцент на албумот е Манолис Влахос. Во април 2003 година, победува на фестивалот „Беовизија“ во Белград со песната „Чија си“, која станува огромен хит и ја отвора неговата меѓународна кариера. Наредната 2004 година ја претставува Македонија на Евровизија во Истанбул со англиска верзија на песната „Ангел си ти“ - „Лифе“, со која го освои 14. место. Истата година го објавува и четвртиот албум „Ден за нас“, кој е прв за територијата на Хрватска и на Словенија. Една година подоцна (2004) беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја сними песната „За овој свет“, која има и англиска верзија - „Тхис Њорлд“. Во меѓувреме, Тоше се испроба и како колумнист во нашиот весник (во петочното издание „Магазин плус“), а неговите колумни беа меѓу најчитаните текстови. Успешната кариера ја продолжи во 2005 година со објавување на новиот албум „По тебе“, кој излезе во сите екс ЈУ-републики, а, според оцените на критичарите, претставуваше еден од најдобрите албуми објавени во последните години на овие простори. Проески студираше на Музичката академија во Скопје и постојано го надградуваше својот глас. Земаше часови по пеење и кај врвниот американски професор Вилијам Рајли, кој беше учител и на најпознатиот светски тенор Лучијано Павароти. Неговиот претпоследен албум „Божилак“, кој го издаде лани, за многумина е вистински музички деликатес, компилација на македонски етнопесни што ги изведува Тоше во придружба на симфониски оркестар, во кој до израз доаѓаат неговите гласовни можности. Во паузата до последниот албум „Игри без граници“ Тоше имаше многу настапи и победа на Хрватскиот радиски фестивал што се одржа во јули на островот Хвар. Навистина беше чест да се присуствува на неговиот концерт одржан по победата и да се видат сите тие лица, хрватската публика која го смета за свој миленик и апсолутен фаворит. И во 2006 и во оваа година тој беше прогласуван за најслушан пејач во Хрватска. Тоше беше миленик на српската, хрватската, црногорската, словенечката, хрватската... публика. Ги сакаше дуетите - во 2001 година ја испеа песната „Немир“ заедно со Каролина Гочева, пееше со Гоца Тржан, Есма, Тони Цетински, Ања Рупел... Откако го освои Балканот, се даде во светски поход - дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини „Арија“. Песните на Тоше секогаш беа во врвот на топ-листите. Тој беше вистинска балканска ѕвезда, на прагот на светската кариера. Една од неговите најголеми желби беше настап на големиот фестивал „Сан Ремо“.
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|