Утрински / 10.10.2007
Естрада „Беотон“ бара отштета од 2 милиона денари за неовластено рекламирање на Марија Шерифовиќ на концертот на Тоше Марија Шерифовиќ на евровизискиот настап во Хелсинки и Тоше Проески на „спорниот“ хуманитарен концерт во Скопје Продуцентската куќа „Беотон“ од Белград, која ја претставува победничката на годинешнава Евровизија Марија Шерифовиќ, најавува дека ќе ја тужи менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, поради неовластено рекламирање на настапот на Марија како гостинка на хуманитарниот концерт на Тоше во Скопје, одржан на 5 октомври. Продуцентот на Марија Шерифовиќ, Саша Мирковиќ, вели дека менаџментот на Марија воопшто не бил известен за рекламата и смета дека со таквата постапка се оспорени ликот и делото на Марија Шерифовиќ и бара отштета од речиси 2 милиона денари. Поради тоа е поднесена тужба против Лилјана Петровиќ и организаторот на концертот „Авард ентертејнмент“. Сепак, Марија Шерифовиќ и нејзиниот менаџмент му посакуваат успех во понатамошната кариера на Тоше Проески и ја поддржуваат неговата работа, иако не се согласуваат со работата на неговиот менаџмент. Речиси во исто време менаџментот на Тоше Проески одговара на најавите за тужба од „Беотон“, како и на пишувањата во врска со спорот во српските медиуми. „Менаџментот на Марија Шерифовиќ еден ден пред концертот ни испрати допис, кој во тие моменти ни беше срам да го објавиме, а тоа не би го направиле ни денес да не почнеа весниците во Србија да изнесуваат најголеми лаги“, реагираат од „Авард ентертејнмент“. Дописот за „Авард“ беше шокантен и во него се гледа дека луѓето не бираат ни средства ни начин како да дојдат до пари и како да ја намалат вредноста и големината на големите уметници, користејќи ги медиумите во својата земја. Зарем сметате дека имаме потреба да рекламираме уметници од други земји за да привлечеме публика? Зарем Тоше во својата земја е помалку популарен од Марија Шерифовиќ? Целиот тим на „Авард“ работеше на подготовката на концертот и сите можат да потврдат дека менаџерот на Марија Шерифовиќ го потврди нејзиното гостување. Дури се менуваше и целиот рекламен материјал за да се задоволат неговите барања дека Марија треба да биде посебно истакната. Дали мислите дека треба да потпишеме договори за хуманитарни концерти и така сосила да ги обврзуваме (тераме) уметниците да дојдат? Ние сметаме дека треба да е чест за еден уметник да биде поканет и да учествува на концерт од овој тип. „Авард“ секогаш ќе ги брани интересите на најголемиот пејач на овие простори од оние кои злонамерно се трудат со сите сили да му наштетат, е ставот на менаџментот на Тоше Проески.
Утрински / 10.10.2007
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|