на Градски стадион во Скопје. Според првичните информации, на Градски имаше повеќе
од 20.000 обожаватели на Тоше. Парите од продажбата на билетите за концертот ќе бидат наменети за подобрување на условите во неколку основни училишта во државата.
На концерот се обрати и министерот за образование, Сулејман Рушити и амбасадорот на САД, Џилијан Миловановиќ. Концертот е организиран од Аворд Ентертејнмент во соработка со УСАИД како дел од кампањата на Министерството за образование.
Тоше уште еднаш се докажа пред македонската публика дека е нашата најголема звезда, пеејќи ги песните од неговиот најнов албум „Игри без граници“ како и многу постари хитови. Гости на концертот на Тоше беа Адријан Гаџа, Антонија Шола, Марија Шестиќ и Бојан Маровиќ. Беа најавувани и Марија Шерифовиќ и Аленка Готар, но синоќа не се појавија на концерот на Тоше. Тоше, како голем хуманист, синоќа доби статуетка со ликот на Мајка Тереза, која и ја подари на својата мајка.
Нетпрес / 06.10.2007