Првиот дел ќе биде од натпреварувачки карактер, додека во ревијалниот блок свои настапи ќе имаат Александра Пилева, Роберт Билбилов, Тони Зен, Јован Јованов, групата „Некст тајм“, Влатко Илиевски, Тамара, Врчак и Адријан Гаџа. Како ексклузивен гостин на фестивалот ќе се појави норвешката ѕвезда Чарлс Марвин Камингс-Туфи, кој ќе настапи заедно со својот „Тумбао салса-бенд“.
Од организацијата најавуваат дека годинава е предвидена и специјалната награда „Пејач на векот“, која постхумно ќе му биде доделена на Тоше Проески за песната „Сонце во твоите руси коси“, со која настапи на овој фестивал во 1999 година. Одлуката за наградата е донесена во согласност со Фондацијата „Тоше Проески“.
12.11.2008