на теренот, сега е со малку намален интензитет. Сите негови издадени албуми
ги има во продажба и засега нема потреба од дополнителни зголемувања
на тиражите. Според првите луѓе од Аворд ентертејмент, продукциската куќа,
која беше задолжена за неговите последни албуми и она што требаше да следува
во иднина, музичките продавници се подмирени со доволен број изданија,
така што по допечатувањето на последниот "Игри без граници" и "Божилак"
наскоро, најверојатно, нема да има потреба од нешто слично.
Можноста да се направи специјално издание или албум "Најдоброто од"
не е исклучена, иако, како што велат оттаму, засега такво нешто не доаѓа предвид.
Ваквата идеја евентуално би се реализирала дури после неколку месеци.
Од продукцијата, под чијашто капа беа издадени првите два албума на Тоше,
Авалон, велат, дека тие две изданија ги има константно во продажба така што
засега нема потреба од допечатување. Евентуалните останати музички производи,
поврзани со името на Тоше, ќе ги направат исклучиво ако тоа од нив го побараат
неговите родители.
Интересот, пак, за англискиот албум и понатаму трае, но што точно ќе се случува
со материјалот, треба да кажат родителите на Тоше, кои како единствени наследници
на авторските права ќе го имаат последниот збор.
Според пишувањата на хрватските медиуми, како можен датум за објавување на албумот
се споменува 25 јануари, роденденот на Тоше.
Слична е ситуацијата и во соседните земји, кога се во прашање ЦД-та на Тоше.
Така, во Хрватска трите последни албуми со недели се најбараните музички производи.
14 ноември 2007