утревечер ќе го одржи во престижната хала Тиволи во Љубљана, уште пред
неколку дена беше комплетно распродаден, а според зборовите на неговата
менаџерка, одлично се продаваат и влезниците за концертот во Марибор
17. декември), Цеље (29) и Велење (30 декември). Освен тоа, деновиве
ќе започне продажбата на влезниците за концертот на Тоше во Скопје,
закажан за 25 декември во Универзалната сала, кој традиционално пред Нова година
го има префиксот хуманитарен. Нивната цена ќе изнесува 500 денари.
Што се однесува, пак, до останатите активности на Тоше, тој со својот бенд
вчера престојуваше во Белград, каде учествува на снимањето на новогодишната
програма на РТС. На 20 декември Тоше повторно ќе патува за Белград, каде
на ТВ Палма треба да прими награда што му ја доделува Гранд продукција.
И, уште нешто: Фајнал Кат продукција заедно со Синалцо Интернационал,
деновиве во Германија ќе потпише договор според кој Тоше ќе стане заштитно лице
на овој бренд на меѓународно ниво.
13 декември 2005