Најавеното ДВД, пак, од концертот на Градски одржан на 23 јуни на пазарот треба да биде пуштено деновиве и ќе го има во две изданија - луксузно и обично, во слим кутија и ќе се продава по цена достапна за сите фанови. Издавач на концертното ДВД, кое содржи вкупно 19 песни со истиот распоред како што беа изведувани на концертот, е Аворд Ентертејмент. Материјалот почнува со темата "По тебе", по што следуваат "Рани на усните", "Громови на душа", "Зошто отиде", Малечка", "Ден за нас", "Кој ли ти гризе образи"...
Следен ангажман на Тоше е и концертот во Зеница закажан на 23 декември, што ќе се случи само два дена по скопскиот и во чест на 10-годишниот јубилеј на тамошното Радио Зенит.
18 декември 2006