не проговориле, млади девојки, се до возрасни, што би се рекло до 72,
прексиноќа беа дел од предновогодишниот концерт на Тоше Проески во
Универзална сала, исполнета до последно место, преполна и во партерот од каде беа извлечени седиштата, и во ходникот. И Весна Петрушеска-Бејби ги донесе своите деца, но пред да седне во публика го отвори концертот, на која Тоше запеа "За овој свет", а потоа на втората "Ако ме погледнеш во очи" го придружија педесетина балерини од групата на Сања Шутевска.
По десетината испеани песни, миленикот им ја препушти сцената на хорот
на Златно славејче, пред тоа пеејќи рефрен од првата влашка песна што во
1982 година ја испеал на Златно славејче, а во која се зборувало дека тој и неговиот дедо многу сакаат да јадат слатко.
Децата вриеја, тинејџерките еуфорично врескаа, она што е составен дел од
магијата на концертите на поп-идолот, кому и овој пат му подарија безброј мечиња и подароци.
На средина на концертот евровизиската претставничка Мартина Силјановска испеа две песни од нејзиниот деби албум.
Менаџерката Лилјана Петровиќ, на сцена, и врачи цвеќе на мајка му
Доминика, а веднаш по завршувањето на концертот, околу 23 часот, Тоше со родителите замина во родното Крушево за да се одмори. Иако цело време пееше со многу емоции и насмевка на лицето, во живо со "Блу фанки индивидуалс", нешто и на плејбек, на моменти се забележуваше преголемиот замор, од четврточната промоција на албумот во Сараево и настапот пред 15.000 луѓе на "Мултиталент" во салата Зетра, од каде го донесе приватниот авион што за него го порачале ТВ ОБН и Синалко.
Овој традиционален хуманитарен концерт "Со музика за живот", Тоше го прави
пред секоја Нова година. Оваа година средствата ќе бидат наменети за детската Клиника за белодробни заболувања.
27 декември 2005