новиот албум со наслов "Игри без граници". Во петокот тој престојуваше во Љубљана, каде освен албумот пред тамошната публика ја претстави и словенечката верзија на песната "Дал си сретнија", препеана за потребите на хрватската серија "Забранета љубов", што во моментов се емитува на тој пазар.
Веќе утревечер Тоше ќе гостува во Зеница, каде ќе биде дел од тамошниот Радиски фестивал. За вторник е закажан настапот во Соко Бања, каде ќе пее на градскиот плоштад, а за в среда концертот во Цетиње. Потоа следува враќање на домашен терен и подготовките за промоцијата што ќе се случи најверојатно на 13 септември.
Новиот албум, инаку само еден месец е во продажба, а веќе владее со
топ-листите во регионов. Во Хрватска дури и за само пет дена достигна сребрен тираж.
31 август 2007