еворопски земји си имаат своја интернет-страница, каде се сретнуваат,
разговараат и се во допир со се она што се случува со нашата најблескава
ѕвезда. Сања, од македонскиот огранок на овој клуб, ни ги објаснува
најинтересните податоци за овој клуб. -Фан клубот на Тоше е отворен на
први април 2004 година. Јас не сум една од основачите на сајтот.
Основачи на сајтот се Азра и Марија, а сега уредници сме и јас и Инес.
Со основачите се запознав една недела пред да биде отворен овој Фан
клуб. Во еден разговор, Азра ми рече: "Сајтот го отворивме за нас. Сакав
сите работи што ги имам за Тоше, да ги имам на едно место и да имам
најлесен и најбрз пристап до нив. Ни јас, а сигурно ни тие, не сме се
надевале дека ќе имаме вака голем број на членови."
*Колку членови има во клубот и на која возраст се тие?
*-Сега за сега има повеќе од 260 членови, а овој број од ден на ден се
повеќе расте, а посетите се над 18 000. Што се однесува до возраста на
членовите, ги има од 14-15 години, а има и со над 20. Мора да кажам дека
повеќето се девојки, меѓутоа има и прилично момчиња, што ја ценат
работата на Тоше.
*Како се станува член на овој сајт?*
-Член на Фан клубот се станува многу лесно. Потребни се некои лични
податоци (име и презиме, година на раѓање), е-маил адреса и никнејм во
случај да не сакаат вистинското име да им стои на сајтот. Членовите
имаат повеќе права од посетителите, кои не се зачленети. За членовите
има адресар, чат, книга на гости, простор за пофалби и критики на
сајтот. Исто така, пред неколку месеци е отворен Форум со дискусии каде
што е потребно повторно зачленување. Таму има дискусии на многу теми: за нашиот сајт, за кариерата на Тоше, за неговиот приватен живот... Може да се прочита се што е поврзано со Тоше. Значи, има интервјуа, информации што се излезени пред да биде отворен Фан клубот, еден вид лична карта на Тоше, и нормално на насловната страница секогаш стојат најновите вести.
Има текстови од сите негови песни, фотографии од настапи, студиски
фотографии и простор каде што Фановите нам ни праќаат фотки по е-маил,
што сакаат да бидат објавени. За симнување има неколку песни, спотот за
“Лајф” и исечоци од настапот на македонскиот избор за Евросонг, а има и
една изјава на Тоше.
*Дали лично ги следите сите збиднувања со Тоше?*
-Кога сме во можност секогаш лично го следиме Тоше. Тоа најдобро ни оди
во Македонија. Но, имаме пријатели од целиот Балкан, кои не информираат
за некои настапи или новости за Тоше во нивната држава. Понекогаш ја
користиме и базата на податоци за да најдеме некоја е-маил адреса на
член што живее во државата каде што Тоше се наоѓа во тој момент. Така
добиваме ексклузивна информација и слики за вториот концерт на Тоше во
Сиднеј. Ако не сме во можност да дојдеме до некоја информација,
преземаме од други медиуми. Со МММ соработуваме од самиот почеток, Ненад од МС не информираше од Истанбул, а понекогаш преземаме вести и од пишаните медиуми. Исто така, Фајнал кат не поддржува со информации,фотографии!
*Дали Тоше знае за оваа страница и каков е неговиот коментар?*
-Да, Тоше знае за оваа страница и ја посетува од време на време. Летоска
ми кажа дека не треба да се задржуваме само на неговата кариера и да
пишуваме малку и за неговиот приватен живот и ние тоа и го направивме.
Исто така, тој не сакаше да преземаме вести од таблоиди, па и тоа го
испочитуваме. Во едно интервју изјави дека е презадоволен од нашата
работа, за што нам ни е многу драго. Сега подолго време не сум го
прашала и не знам дали има некоја критика. Исто така, не знам дали го
има посетено Форумот (јас му кажав дека е отворен) и дали ги прочитал
коментарите. Фановите бараат од него да се јави таму и да напише неколку
збора, а во истото и ние се надеваме!
*Често се сретнувате со Тоше?*
-Па да, јас сум речиси на секое негово јавно појавување во Македонија,
редовно ги следам прес-конференциите и промоциите. А исто така и
неговите настапи на манифестации, фестивали.
*Какви планови има Фан клубот за Тоше за понатаму?*
-Јас се надевам дека ќе ја реализираме англиската верзија на сајтот, што
им ја должиме на нашите членови од Украина и другите земји каде што не
разбираат македонски и српски јазик, а од ден на ден има се поголем
интерес.
15 февруари 2005