позлатена статуа Мелко се наградени најдобрите изведувачи на поп музика
од цела бивша Југославија. Со присуството на хрватска претставничка
Северина и Хари Варешановиќ (претставник на БиХ) атмосферата наликувала на Евровизија во мало.
- Прв пат сум во Чачак и мило ми е поради тоа, затоа што како мала ја
пеев песната на Брена "Чачак, Чачак, шумадински рокенрол". Се надевам
дека ќе победам во Атина, затоа што мојата песна е целосно различна од
другите, изјавила и отишла да преспие во белградскиот хотел "Хајат".
Луис настапил без "Фламингоси", затоа што Маринко Маџгаљ вечерта имал
претстава. Тој со Тоше Проески во бекстејџ ја запеал "Не куни ме, не ружи ме, мајко".
Хари Варешановиќ изјавил дека Северина не ја смета за конкуренција на
Евровизија.
- Таа е еден цвет кој Тутиќ, Новковиќ и јас со години го полевавме и
гледавме како расте. Убава ми е, мила, и ја гледам како помлада колешка,
а не како ривалка.
Во Чачак дошла и словенечката пејачка Ребека со која Јоксимовиќ некогаш
бил во кратка врска. И таа со бодигард. И тоа славниот Ненад Миличиќ,
кој своевремено бил телохранител на Шварценегер. Со песната на Жељко
Јоксимовиќ "Мишел" и овации од публиката е завршена манифестацијата
"Дани естраде", а и пејачите и Вељо Илиќ, министер за капитални
инвестиции, отишле на вечера во ресторанот "Коле". Таму Тоше и Луис во
дует ја запеале "Yesterday", а присутните се сложиле дека одамна не
слушнале подобра изведба на овој евергрин хит.
14 април 2006