Дневник / 21.04.2004
Повеќе обожаватели од колеги кај Тоше
Вест / 21.04.2004
МЕГАSВЕЗДАТА ГО ПРОМОВИРАШЕ ДВОЈНИОТ АЛБУМ
Завчеравечерта, во хотелот "Алекандар палас", Тоше Проески и неговите пријатели прославија уште еден "негов ден". "Ден за нас", се вика двојното цеде што во продажба ќе се најде од денеска, со 16 песни, 8-те од изб Завчеравечерта, во хотелот "Алекандар палас", Тоше Проески и неговите пријатели прославија уште еден "негов ден". "Ден за нас", се вика двојното цеде што во продажба ќе се најде од денеска, со 16 песни, 8-те од изборот за "Евросонг", некои стари хитови, и некои сосема нови песни. Турканица, публицитет, врева, и Тоше на клавир во живо. Очекувана слика за промоција на мегаsвездата. Повеќе обожаватели и новинари, помалку колеги од естрадата. Сепак, забележливи беа Есма, Влатко од "Морал", Мартин Вучиќ, Мартина, Јован Јованов, Александар Масевски, Весна Петрушевска ... И секако, американскиот амбасадор Лоренс Батлер, се почетиот гостин на сите случувања врзани за Тоше. Четвртиот албум, на Тоше му го честиташе и Сара Трајковска, ќерката на загинатиот претседадел Борис Трајковски. Голем фан на најголемата естрадна sвезда е и премиерот и претседателски кандидат Бранко Црвенковски. Право од предизборниот митинг во Кочани, по лошото дождливо време, Црвенковски побрза накај "Палас", и успеја да го сврти вниманието на присутните. Покрај Тоше, стана главна фаца во хотелот. Бранко, Тоше, и менаџерката Љиљана Петровиќ муабетеа добри половина час. Црвенковски им посака среќа на "Евросонг" во Истанбул, а тие на него му го подарија првото цеде. - Во Истанбул ќе се борам да не настапам под ФИРОМ, рече Тоше на прес конференцијата пред коктелот. Ако под моето име стои таа неправедна кратенка, ќе се обидам по настапот да речам дека јас ја преставувам Македонија".