"Измислиле се. Таква девојка, со такво име воопшто не постои и информацијата е апсолутно неточна. Ако постоеше ќе ја тужев за погрешна информација. Срамно е да измислуваат такви глупости, кои кога-тогаш ќе се обелоденат. Разочаран сум и од некои македонски новинари, што мислат дека се паметни ако ја преземат информацијата и ако ја прераскажат. Не сум, а и не можев да бидам повреден, затоа што не може да ме повреди невистина. Би ме повредило, замислило, ако воопшто таа девојка постои. Ме чуди каков рејтинг ќе има тој магазин што пишува лаги, што ќе се разоткријат и вистината ќе излезе на виделина", објаснува Тоше, притоа додавајќи дека не реагирал затоа што сметал дека нема потреба, а и нема да имало никаков ефект.
За на крајот да каже: "Целата работа е апсолутно неточна и нема бебе. Барем сега - засега, ха, ха, ха..."
27 октомври 2005