Хуманитарниот концерт на Тоше е дел од проектот за основно образование што е поддржан од Американската агенција за меѓународен развој - УСАИД.
Се очекува од концертот да бидат собрани над 100 илјади евра кои ќе бидат инвестирани во обновување на повеќе училишта во Македонија.
Мега-популарниот Тоше, е познат по хуманитарните концерти и е еден од ретките кој организира такви концерти секоја година.