македонски пеач на Јамајка, во Лондон и Шведска подготвувал материјали
за пробив на меѓународниот пазар, но сето тоа го спречи неговата
прерана смрт.
Првиот хит од плочата што доаѓа, го носи насловот „The Hardest Thing”
и со особена радост можеме да кажеме дека спотот беше создаден во
продукција на МТВ Адриа под режисерското стапче на Јани Черне, со
исцрпниот дел на монтажерката Матеја Кавчник и со постпродукциските
зафати на Игор Нардин. Нашата екипа го прифати предизвикот со иста
мерка на страв пред очекувањата на верните обожаватели на Тоше низ
целиот свет и со мерка на возбуда бидејќи тие имаа прилика да создадат
прекрасно црно-бело видео мајсторство од дури седум часови на сè уште
невиден материјал.
Видеоспотот е комбинација на различни снимки што Тоше го представуваат
пред сè од негов личен аспект – како човек на размислување, голем
хуманист во врска со манастирот што го градел, како примерен вујко што
уживаше во играта со своите внуци и, се разбира, како извонредно
надарен музичар за време на снимањето на Јамајка, при дружењето со
музичарите и се разбира и на сцена каде што често пееше пред повеќе
илјади голема публика.
Плочата што Тоше ја подготвувал со екипата на продуценти и музичари со
искуство, ќе биде издадена наесен и земајќи го во предвид хитот „The
Hardest Thing” кариерата на Тоше со издавање на оваа плоча штотолку би
започнала, бидејќи тој така би застанал заедно со, а можеби би ги и
надминал, и меѓународните суперѕвезди како што се на пр. Роби Вилијамс
(Robbie Williams) и Енрик Иглесиас (Enrique Iglesias).
Дел од неговата извонредна каризматичност, сценската усовршеност, од
способностите на неговиот глас и ненадминливата шармантност ќе можете
да почувствувате и во, со чувства полн спот, „The Hardest Thing”.