Нанини и македонскиот ансамбл за народни игри и песни „Танец“.
Новата година, пејачот ја дочека во Риека, каде што настапи со симфонискиот оркестар „Алеа“, а хрватските медиуми не ги штедат пофалбите за прекрасниот концерт што Тоше и го приредил на публиката.
Девојките во првите редови биле најеуфорични, а присутните наизуст ги пееле сите песни со Проески. Македонскиот хуманитарец и амбасадор на УНИЦЕФ и на новогодишната вечер покажал дека се грижи за тие што немаат и на штитениците од Домот за деца и жени жртви на семејно насилство „Света Ана“, им подарил пригодни подароци.
- Тоше пееше пред 40.000 публика, која навистина го прифати одлично. Овој концерт, но и прогласувањето на „Срце није камен“ за хит на годината зборува за тоа каква ѕвезда е Тоше во Хрватска - вели неговата менаџерка Лилјана Петровиќ.
Гласовите на слушателите на најреномираните радиостаници во Хрватска, кои беа преброени во новогодишното издание на емисијата „Хрватски топ-20“, одлучија дека песната „Срце није камен“ е хит на годината во земјата. Секоја година во Хрватска се прогласуваат најдобар пејач,пејачка, група, дует, надеж и хит на годината. Тоше триумфира во категоријата за поп-рок музика со популарната тема „Срце није камен“,која е насловна нумера на хрватската теленовела „Забранета љубов“.
Композицијата освои 40.000 гласа и зад себе ја остави „Све је стобом напокон на месту“ на Тони Цетински, која освои 31.000 гласа. За најдобар пејач хрватската публика го избра Тони Цетински, за најквалитетна вокалистка беше прогласена Весна Писаровиќ.
Во новата година Тоше го чека уште многу работа на новиот албум, со кој ќе ја гради кариерата надвор од балканските граници. Веќе го сними дуетот со италијанската пејачка Џана Нанини, на кој како гостин се јавува и гитаристот Џеф Бек.
јануари 2007