На 23 јуни на Градскиот стадион, Тоше Проески ќе го оддржи мега концертот, кој беше прво закажан за 7 овој месец. Според досегашната продажба на биетите, се очекува вистински спектакл на Градски. Утрото после концертот на 24 јуни е предвидено Тоше со новинарите да замине за Будва, каде е договорено тој да настапи на ревијалната вечер. Како што дознавме, неговата менаџерка Љиља Петровиќ го одбила предвидениот хонорар за нејзиниот ексклузивец, а наместо тоа побарала бесплатно сместување за македонските новинари, кои ќе известуваат од фестивалот. Со овој потег Петровиќ сака да им се заблагодари на домашните новинари за се што направиле за најголемата домашна музичка sвезда.
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|