и им ја тргаше од челата на луѓето. Знаеше за немаштија, а кога имаше - тоа го делеше
на многу парчиња.
Ноќта ја замени за утро, солзите за насмевки и секогаш, како небаре да минал
војни, земјотреси, приватни премрежиња, како да е во зимата на животот,
успокојувачки велеше - ќе помине. И помина.
Отиде без поздрав и тоа е единственото предавство што ни го направи Тоше.
Со 26 години тој замина без да знае (или можеби знаеше) колку ни значи, колку
ни е фамилија, колку песните си ги одбираме како интерни химни на љубовта,
радоста и воскликот кон сонцето.
Има ли живот, горе, се отворија ли портите небесни? И му се радуваат ли ангелчињата
на новото друштво?
Тоше, брат и син наш. Македонија плаче, а знам, сигурна сум дека тој некаде одозгора
врти со глава и загрижено трепка со очињата. Што ви кажав за тагата - ќе ни се
налутеше поради немоќта да ја потрошиме, што ја мериме и премеруваме, што сме
на чекор од тонење. Тешко е кога ќе се загуби драг човек и што тој, најмилиот,
беше доблестен да ни внесе боја во сивилото.
Солзите во ова време на галопирачка техника ретко кој ги користи како гумичка.
И што ќе ни се!? Имавме чест, привилегија и среќа што живеевме во негово време,
што му ги знаеме песните како оче наш, што му ги полневме концертите, срцата свои,
а така и неговото. Тоше беше рано раѓање на сонцето. Топло, ненаметливо
и светло. Насмеано сонце. И, верувајте ми, доста му палевте на сонцето свеќи.
Тоа ќе биде со нас - и после нас. (В.Т.)
*„Игри без граници “*
(музика и текст: Мирослав Рус, аранжман: Никша Братош)
Да можам бар да се разбудам,
во свет на љубовтa
без стари долгови и тие сеништа
во чекор што не' демнеат.
Да можам бар да те прегрнам,
да не се сеќавам на студој есенски,
оние патила што токму нас не' следеа.
Рефрен:
А мојот живот игри без граници,
уморна приказна,
скинати страници,
празни неиспишани.
А мојот живот е вечно паѓање
се' да се собере
пораз ќе остане,
навики стари во мене.
Да можам бар да те разбудам
со кафе утринско,
во кревет заедно,
па да те бакнувам,
тоа го нема одамна.
Да можам бар да се заљубам во мала селанка, на росна ледина, небесно
висока, надолу да не догледува.
Рефрен:
А мојот живот...
18.10.2007