Организаторите на фестивалот на официјалната веб страница на "Будва мјузик фестивал 2006" најавуваат целовечерен концерт на Тоше и Тијана, по завршувањето на втората фестивалска вечер. Директорот на фестивалот Вукиќ Распоповиќ на српските и црногорските телевизии изјавува дека е договорен концерт на Тоше во Будва. Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше пак вели дека тој ќе испее само 4-5 песни. Дознаваме дека организаторите на фестивалот инсистираат на целовцечерен концерт, а Тоше и неговата менаџерка за сега се сложиле за само неколку песни.
- Тоше право од стадион патува за Будва. Тој ќе биде изморен од скопскиот концерт, и не е можно да одржи концерт и другиот ден. Сепак, нема да го одбиеме организаторот, и Тоше ќе настапи со неколку песни", вели Љиљана Петровиќ.
Освен Тоше и Тијана, ревијален концерт ќе одржи и црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ на 23 јуни, и Северина на 25 јуни.