Мегаsвездата Тоше Проески со песната "Вежи ме за себе" утревечер ќе настапи на престижниот "Радиски фестивал" на островот Хвар во Хрватска.Тој е единствениот пејач од Македонија кој учествува на фестивалот, оти Каролина и Владо Јаневски не влегоа во финалето. По прогласувањето на победниците Тоше ќе одржи двочасовен концерт пред хрватската публика, која ќе може да ги слушне неговите хитови во живо. Автори на песната со која тој ќе настапи на овој фестивал се Миро Буљан (музика и текст) и Антонија Шола. Песната е снимена во студиото "Метро" во Љубљана. Ова му е второ гостување на Тоше на овој фестивал. Тој лани настапи со песната "Срце није камен", која стана хит во Хрватска.
Според хрватските медиуми, Тоше има големи шанси да победи на фестивалот, оти неговата песна е апсолутен фаворит веќе четврта недела на сите хрватски радиостаници. На овој престижен музички фестивал, покрај него, ќе настапат и: Ивана Банфиќ, Горан Каран, Јасмин Ставрос, Маја Шупут, "Црвена јабука", Аки Ракимовски и други.