најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Илјадници граѓани доаѓаа на
плоштадот "Македонија" да му оддадат последна почит. Со солзи, тага,
запалени свеќи се простуваа од својот Тоше. Книгите на жалост се полнеа
со последните пораки. Сите ќе го паметат Тоше по неговата насмевка,
добрина и хумано срце кое го имаше за секого.
- По неговото ангелско лице, по неговата огромна душа што ја поседуваше
и по тоа што на оваа држава со Тоше и се случи нешто најубаво. Нема
повеќе таков лик како Тоше да се роди, по неговите песни, по неговите
хумани дела што ги правеше. Најмногу по неговата насмевка, затоа што
секогаш се смееше. Еден и единствен по тоа што секогаш знаеше како да им
помогне на луѓето и правеше се за нивно добро, велат граѓаните.
И украинскиот амбасадор во Македонија дојде да му оддаде почит на Тоше
во име на неговиот народ.
- Јас како украински амбасадор многу го почитувам Тоше Проески и сега
сакам од име на целиот украински народ и од Руслана, голема пријателка
на Тоше, да му оддадам последна почит на овој великан, не само
балкански, туку и светски пејач кој го знаеме и почитуваме во Украина,
изјави Витали Москаленко, амбасадор на Украина во Македонија.
- Се загуби еден млад живот, еден прекрасен човек и одличен пејач. Јас,
моите вработени, Амбасадата и целиот шпански народ се приклучува кон
тагата на македонскиот народ, пишува амбасадорот на Шпанија, Хосе Мануел
Пас Агуерас.
Во училиштата немаше настава. Симболично првиот час започна со
едноминутно молчење и со музиката на миленикот на сите генерации. И таму
утрово беа отворени книги на жалост. Учениците се упатија кон Градскиот
плоштад за последен пат да се збогуваат од својот Тоше.
17 октомври 2007