познатите британски и светски научници, политичари или уметници, овој
пат ја посвети на трагично починатиот македонски пејач Тоше Проески.
Најпопуларниот пејач на Балканот, пишува "Тајмс", во текот на својот
краток живот, кој на 16 октомври го прекина тешката сообраќајна несреќа,
успеа како никој пред него да ја надмине разликата меѓу народот и
културата на просторот на југот на Европа каде последните децении беа
одбележани со војни и кризи.
Веста за смртта на Тоше Проески во поранешните републики е примена со
шок сличен на оној кој своевремено го доживеаа обожувателите на Елвис
Присли или Џон Ленон, пишува "Тајмс", наведувајќи дека Проески, покрај
тоа што изградил успешна кариера како музичар, бил и амбасадор на добра
волја на УНИЦЕФ.
На хуманитарните концерти низ целиот Балкан тој неуморно собираше помош
за сиромашните и децата со пречки во развојот, а парите ги вложувал и во
изградба на училишта во својата родна Македонија, пишува "Тајмс".
Последниот концерт, кој се одржа на 5 октомври во Скопје пред 30.000
посетители од сите републики на поранешна Југославија, Проески по свој
обичај го заврши со зборовите "Сите ве сакам", пишува "Тајмс".
25 октомври 2007