инцидент со пејачката Ана Станиќ, која за време на новогодишниот настап
на плоштадот во Ужце, добила шише во глава. Но и дека нејзиниот случај
не е единствен и најекстремен сведочи оној на Здравко Чолиќ, кој датира
од далечната 1985 година и од настапот на стадионот "Сутјеска". Тогаш
Чолиќ добил камен. За среќа, "подарокот" стигнал за време на последната
песна, па тој собрал сили да се задржи на нозе. Освен овој немил настан
Чолиќ главно бил задоволен од својата публика која му фрлала цвеќиња,
плишани играчки, но и брусхалтери.
Кога се плишаните играчки во прашање, кај нас на тој план води Тоше
Проески. По слободна проценка веќе одамна може да наполни неколку
продавници за играчки зашто после секој настап си заминува потежок за
нови и нови играчки, но и дополнувања во форма на писмо, се разбира, со
телефонски броеви. Досега, според неговата менаџерка Лиљана Петровиќ,
слично непријатно искуство немале и се останувало само на симпатични, но и мошне инвентивни подароци. Имало сешто од играчки до брусхалтери сонапишани телефонски броеви. А од поинвентивните и похрабрите Тоше дури добивал и танга гаќички, се разбира, повторно со бројот на сопственичката. Девојките не го забораваат ниту стариот добар начин на додворување - преку огромни плакати, па на последниот концерт во Универзална меѓу неколкуте доминираше оној со изјавата на љубов на Ема.
4 јануари 2007