Нивното големо пријателство датира од времето кога Гули во семјеството на Батлер живееше во Македонија. На неодамнешната посета на нашата мегаѕвезда во домот на Батлер во Сараево, нему најмногу му се изнарадувал Гули. Кучето не се одвојувало од Тоше, дури и наутро го будело гребејќи на неговата врата. Кога ќе му отворел, Гули со трчање се впуштал директно во прегратките на својот мил гостин.
Тоше е познат како љубител на животни и кучиња. Неговиот најнов миленик Леон, од расата сибирски самојед, што го доби минатото лето, го даде на чување кај неговите родители во Крушево, заедно со уште неколкуте кучиња што ги има таму, затоа што на Леон во Скопје му било многу топло.
2 јануари 2006