Концертот на македонскиот изведувач е во рамките на кампањата „Образованието е одговорност за сите“, која е дел од проектот за основно образование на УСАИД и Министерство за образование. Билетите за музичкиот настан ќе бидат пуштени во продажба од следната недела. Парите собрани од влезниците ќе бидат искористени за проектот. Тоше Проески вечерва во хотелот „Александар палас“ официјално ќе го промовира својот нов албум „Игри без граници“, а пред присутните во живо ќе отпее неколку теми од последниот диск. На 22 септември ќе има концерт во Будва, а следуваат промоциите на новиот албум во земјите од поранешна Југославија.
Концертот на мегаѕвездата Тоше Проески, кој ќе се одржи на 5 октомври, на Градскиот стадион во Скопје, ќе понуди богата музичка програма, во чии рамки ќе настапат познати ѕвезди од земјава и од поранешните југословенски простори. Покрај Проески, на публиката ќе и' се претстават Адријан Гаџа, хрватската пејачка и актерка Антонија Шола (таа е и текстописец на Тоше), црногорската ѕвезда Бојан Маровиќ, како и годинашните евровизиски претставнички на Словенија и на Босна и Херцеговина, Аленка Готар, односно Марија Шестиќ.
Концертот на македонскиот изведувач е во рамките на кампањата „Образованието е одговорност за сите“, која е дел од проектот за основно образование на УСАИД и Министерство за образование. Билетите за музичкиот настан ќе бидат пуштени во продажба од следната недела. Парите собрани од влезниците ќе бидат искористени за проектот. Тоше Проески вечерва во хотелот „Александар палас“ официјално ќе го промовира својот нов албум „Игри без граници“, а пред присутните во живо ќе отпее неколку теми од последниот диск. На 22 септември ќе има концерт во Будва, а следуваат промоциите на новиот албум во земјите од поранешна Југославија.
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|