ќе биде документарен филм наменет за ДВД изданија, а втората серија во неколку продолженија и за ТВ-прикажување. Сценариото за материјалот, вистинско изненадување
за фановите на Тоше, неофицијално, ќе биде дело на Огнен Неделковки, додека за продукцијата ќе се погрижи Аворд ентертејмент. Покрај архивските материјали, снимени на настапите на Тоше низ Балканот, ќе има и разговори со неговите соработници, а што ќе се снимаат на автентични локации. Премиерата на проектот се очекува некаде напролет.
Освен документарецот за она што се случувало во изминатите пет години, се очекува видеоматеријал и за снимањето на новиот англиски албум. Тој се очекува да биде завршен откако ќе биде комплетирано снимањето на песните, од кои веќе поголемиот дел и се завршени.
Вечер / 05.02.2007