Песната на нашата поп-sвезда Тоше Проески, која ќе ја отпее во дует со нашиот оперски пејач Борис Трајанов ќе се снима во студиото на светски познатиот тенор Лучијано Павароти во Италија. Песната ќе се најде на новиот албум на Тоше наменет за англискиот пазар кој ќе се снима во Лондон. Станува збор за оперска арија за која допрва ќе се одлучи кои делници ќе ги пее Тоше, а кои нашиот познат тенор. Менаџерката на Тоше Љиљана Петровиќ по одржаниот концерт на Проески викендов во Цирих, заминала во Милано на средба со агентката на Борис Трајанов Беатриче Фераро за висината на хонорарот и терминот за снимање на делниците.
Вест / 05.02.2003