Во компјутерот има четири комплетно снимени спотови на англиски и 2 на македонски јазик. За овие песни на Тоше не знаеле ниту неговите најблиски соработници, ниту некој од семејството Проески. Откако ги преслушаа во неговиот дом, тие констатираа дека спотовите се снимени на Јамајка и биле негова тајна. Композицијата што прва ќе биде промовирана е посветена на неговиот внук Кристијан , кого тој неизмерно го сакаше. Покрај шесте спотови во мини компјутерот на Тоше има и нова музика, што ја компонирал за три нови песни. Текст побарал од неговиот долгогодишен соработник и композитор Огнен Неделковски.
Тој денеска потврди дека седмица пред да загине Тоше, имале средба. но музиката и аранжманското решение не ги слушнал. Семејството Проески се уште не е подготвено јавно да говори за уцените и продуцентската алчност. Не ги коментираат последните изјави на менаџерската Лилјана Петровиќ, но алудираат на малверзации. При синоќешната посета ни открија и дека по 40 дневниот помен имале дискретна средба со господин господин Стефан и владиците Петар и Климент. Разговарале за понуденото решение за изгледот и за изградбата на меморијалниот комплекс со гробницата на Тоше. Црквата забележува дека предлог проектот не содржи православни обележја. А, семејството Проески ќе инсистира при внатрешното уредување на гробницата на Тоше да има поголема интимна димензија. На 15 декември во споменикот Македонијум ќе биде промовирана поштенската марка со ликот на ѕвезденото момче Тоше Проески.
Канал5 / 26.11.2007