Концертот на Тоше Проески на Градскиот стадион што беше закажан за утревечер, се одложува за 23 јуни, во 20, 30 часот. Причината е прогнозата за студеното време и врнежите што се најавени во наредниот период, објасни менаџерката Љиљана Петровиќ на вч Концертот на Тоше Проески на Градскиот стадион што беше закажан за утревечер, се одложува за 23 јуни, во 20, 30 часот. Причината е прогнозата за студеното време и врнежите што се најавени во наредниот период, објасни менаџерката Љиљана Петровиќ на вчерашната прес конференција во хотелот "Холидеј ин". Купените билети важат за 23 јуни. Останатите билети по цена од 300 денари ќе останат во продажба. Петровиќ но најави концертот како голем спектакл, заокружување на балканската турнеја на Тоше. Специјална гостинка ќе биде белградската етно музичарка Биља Крстиќ, со која Тоше во дует ја препеа традиционалната македонска песна "Јовано, Јованке". - Албумот со преработки на македонските народни песни е речиси готов, рече Петровиќ, па затоа на Тоше ќе му гостуваат уште неколку етно музичари од балканските простори, и симфонискиот оркестар "Алеа". Осветлувањето, озвучаувањето и сцената ја прави "Аворд" продукција заедно со луѓе од Белград, истата екипа што работи на концертот на Цеца во Белград, на 17 јуни. Овој концерт ќе биде различен од она што сме го работеле до сега", вели менаџерката на Тоше. Проески го искористи пресот уште еднаш да ги негира информациите дека ќе пее на било чија партиска предизборна кампања. "Таквите пари не ми требаат, вели Тоше. Поважни ми се мојот збор и мојата чест отколку парите".
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|